Владо Димовски — македонски писател за деца, автор на радиодрами, сценарист на телевизиски играни серии. Роден е во село Долно Дупени, Ресенско на 1 октомври 1951 година. Работел во Македонското Радио како новинар, а бил уредник на Редакцијата за деца, уредник на Секторот за култура, образование и наука, извршен уредник на играната програма. Член е на ДПМ од 2000 година.

Библиографија

уреди

Книги

  • Цвет од сонца, соавтор /монографија, 1985 г.
  • Изградување на изговорот,говорот и јазикот кај децата и возрасните /соавтор, Ребит,1995 г.
  • Приказни од А до Ш /Магор, 1998 г.
  • Застапен во изборот едночинки на Јадранка Владова Лага река не гази / Детска Радост, 1989г.
  • Умни глави / Детска Радост, 1999 г.
  • Приказни за буквите / Просветно дело, 1999 г.
  • Јазична работилница / Еуро култ, 2002 г.
  • Тате,мама и јас / Македонска книга, 2002 г.
  • Продавница за играчки / Македонско Радио, 2002 г.- радиодрама која учествуваше на познатиот Берлински фестивал, двојазично издание.
  • Приказни за голем одмор / Просветно дело, 2003 г.
  • Во срцето на птицата / Македонска реч, 2004 г.
  • И чоек и пес / Македонска реч, 2004 г.
  • Љубов за летање / Македонска реч, 2007 г.
  • Испревртени приказни / Детска Радост, 2007 г.
  • Love for flying, двојазично издание за учеството на познатиот фестивал PRIH EUROPA во Берлин. Love for flying, во конкуренција за награда во категоријата радиодрама. / МРТ-МР, 2007 г.
  • Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните (соавтор со Јордан Јорданоски, второ издание) / Арс Ламина, 2020 г.
  • За секоја буква приказна / Арс Ламина 2020 г.
  • Бричење петли / Арс Ламина 2020 г.
  • Сивото / Едука МАК, 2020 г.
  • Детелинки белинки, збирка современи бајки / Арс Ламина 2022 г. Во збирката е застапен со бајката „Во земјата на белите облачиња“

Радиодрамско творештво

Драми за возрасни

  • Островот на среќата, снимена на: 09.1981 г.
  • Ајде да црвенееме, снимена на: 03. 1988 г.
  • Живот во слики, снимена на: 03.1992 г.
  • Мрестење на белвиците, снимена на: 10.1993 г.
  • Продавница за играчки, снимена на: 06.2002 г.

Драми за деца

  • Што е животот ако не е драма, снимена на: 02.1987 г.
  • Децата огледало на родителите, снимена на: 03.1989 г.
  • Во срцето на птицата, снимена на: 01.1992 г.
  • За врапчето што знаеше да зборува, снимена на: 11.1993 г.
  • 2041, снимена на: 05.1997 г.
  • Јас, дете, снимена на: 10.2001 г.
  • Баба Мразица, снимена на: 11.2006 г.
  • Љубов за летање, снимена на: 04.2007 г.
  • Драмски минијатури
  • И пци и луѓе /Петра/, снимена на: 03.1992 г.
  • Шах, снимена на: 06.1992 г.
  • Талкачи по лезет, снимена на: 10.2001 г.
  • И луѓе и пци / Крстинца /, снимена на: 10.2002 г.
  • Било поминало, снимена 02. 2008 г.
  • Втората месечина, снимена 03. 2008 г.
  • Жолтиот, снимена 03. 2008 г.
  • Јас, Таа и бабичка, снимена 04. 2008 г.
  • Од дневникот на Пепелашка, понеделник снимена 04. 2008 г.
  • Од дневникот на Пепелашка, петок снимена 04. 2008 г.
  • Канаринци, 2008 г.
  • Бележани- Велко наш, 2008 г.
  • Силвестер, 2008 г.
  • Канаринци, 2008 г.
  • Бележани- сивиот, 2008 г.
  • Седумдесеттите- прва приоказна, 2008 г.
  • Седумдесеттите- втора приоказна, 2008 г.
  • Мачорот, 2008 г.
  • Пирани, 2008 г.
  • Алергија, 2008 г.
  • Чај од камилица, 2008 г.
  • Мажето, 2008 г.
  • Останавме сами, 2008 г.
  • Шарко, 2008 г.
  • Предновогодишна, 2008 г.

Учества на фестивали

уреди
  • При Италија, со драма за возрасни (Ајде да црвенееме )-1987 година;
  • Федор, со детска документарна( Малата домаќинка со клуч околу вратот)- 1989 година;
  • Абу Прајс, Индија, со детска документарно-играна( За марсовецот од градинката)- 1990 година;
  • Берлински фестивал, драма за возрасни(Продавница за играчки )-2002 година; -При Марулиќ, Хвар, со документарно-историска(За Климент Охридски)-2003 година;
  • Прих Еуропа, Берлин, радиодрама, конкуренција за награда(Љубов за летање )- 2007 година.

ТВ Проекти

уреди
  • Умни глави, серија за деца (120 епизоди ), 2000 г.
  • Погрешно време, серија за возрасни ( 40 епизоди ), 2000-2001 г.
  • Во светот на бајките, серија за деца (2 епизоди ), 2001 г.
  • Јазична работилница, серија за деца ( 25 епизоди )
  • Македонски за странци-соавтор, серија за изучување на македонскиот јазик. (пет епизоди)
  • Сашко и Сашка, серија за возрасни (25 епизоди ), 2005 г.
  • Цимери, серија за возрасни (10 епизоди ), 2007 г.
  • Турни ме да кинисам, серија за возрасни (15 епизоди ), 2011 г.
Тратарски претстави
  • Трите петки, волкот и зелениот, претстава за деца- Кумановски театар, 2001 г
  • Јас, дете, независен проект- Истриони, 2002 г.
  • Трите петки, волкот и зелениот, претстава за деца- Гевгелија, 2007 г.
Проекти во МР
  • 25 радиодрами
  • Серијалот „Јазичен детектив“
  • Серијалот „Радио игри за деца“
  • Играната програма „Тате, мама и јас“
  • Серијалот „Култура на говорот“ во соработка со Д-р Јордан Јорданоски
  • Серијалот „Кажи ми да ти кажам“
  • Серијалот „Трајче што трае и сè што знае“
  • Серијалот „Приказни од А до Ш“
  • Серијалот „Зборуваме македонски“
  • Серијалот „Македонија, моја Македонија“
  • Серијалот „Недовршени приказни“

Награди и признанија

уреди
  • Недела на Југословенско Радио 1987 г. наслов на драмата: ШТО ЖИВОТОТ АКО НЕ Е ДРАМА. Награди: награда за драма во целина, награда за оригинален драмски текст, награда за режија, награда за музичка обработка на драма
  • Наслов на емисијата: БРЗОЗБОРКИ. Награда: за оригинален новинарски пристап за детска документарна емисија
  • Недела на Југословенско Радио 1989 г. наслов на драмата: ДЕЦАТА ОГЛЕДАЛО НА РОДИТЕЛИТЕ. Награда: за режија на драма
  • Недела на Југословенско Радио 1990 г. наслов на емисијата: ЗА МАРСОВЕЦОТ ВО ГРАДИНКАТА. награди: за најдобра детска емисија во целост и награда за новинарски пристап на детска емисија
  • Натпревар на здружените радио станици на Македонија- Крушево 1994 г. наслов: РАДИОЧИТАНКА. Награда: за најдобра детска емисија
  • Учесници во играни проекти на В. Димовски кои добивале награди за најдобри улоги во радиодрама и за тон: Никола Давидов за тон, Владимир Лазаревски, Емилија Андреевска, Наташа Димовска и Членовите на Детското Драмско Студио - за улоги
  • 10 награди на некогашната недела на Југословенското радио во Охрид / драма во целина, оригинален драмски текст, за нов радиофонски пристап, оригинален новинарски пристап, две награди за режија на драма, за најдобра детска емисија
  • 2004 година наградата Ванчо Николески за најдобра книга за деца за книгата „Во срцето на птицата“
Награди од МРТВ
  • Награда за драма, 1987 г
  • Специјално признание за играна програма
  • 1989 награда на МРТВ за детска емисија, 1990
  • Специјално признание по повод 60 години МРА.