Детелинки белинки - современи бајки
„Детелинки белинки“ – книга за деца на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Македонското издание[1] на книгата е објавено во 2022 година. Покрај македонското издание, во 2023 година во Хрватска е објавен и хрватски превод[2] на книгата, по повод 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека.
Автор | 15 македонски автори |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | книга за деца (бајки) |
Издавач | „Либи“ |
Издадена | 2022 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 99 стр. |
ISBN | 978-608-267-626-5 |
Содржина
уредиКнигата „Детелинки белинки“ е во категоријата на читанки и лектири за основно образование и е збирка од шеснаесет современи бајки од 15 македонски автори. Застапените бајки се од нови, но и од веќе етаблирани автори. После конкурсот распишан од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ во 2020 година, од пристигнатите 442 бајки од 316 автори избрани се следниве шеснаесет бајки:
- Билјана Станковска („Авантурите на едно мракче“),
- Владе Димовски („Во земјата на белите облачиња“),
- Анета Ристеска („Вин-вин“),
- Клементина Петрушевска („Часовникот на Симон“),
- Мартина Дукоска („Детелинки-белинки“),
- Светлана Дарудова („Бајка за Нова година“ и „Талкачката“),
- Анита Димовска („Зелената кралица“),
- Биљана Стојановска („Змејот од Пелистер“),
- Ана Ѓорѓевиќ („Горделивата жирафа“),
- Марија Ралповска („Волкот Пуи“),
- Мимоза Тодоровска („Волшебен лет“),
- Владо Јаневски („Папагалот и кучето“),
- Алма Растодер („Магијата на другарството“),
- Ана Гаштарова („Не е добро да се лаже!“) и
- Весна Кираџиева („Авантурите на Трепколетка“)
Овие бајки, како четири листенца на „среќната“ детелинка, се наредени во четири циклуси во книгата „Детелинки белинки“ и го збогатуваат омилениот жанр на децата. Некои од нив се случуваат и во наше време, на наши предели и со препознатливи ликови од нашето опкружување, со што уште повеќе им се приближуваат на малите големи читатели.
Технички одлики
уредиКнигата „Детелинки белинки“[3] е со меки корици и е со обем од 99 страници. Објавена е во 2022 година во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје. Каталогизирана е во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9786082676265.
Изданието е дел од едицијата „Лесно читливо“, уредено со помош на специјален фонт за полесно читање за деца во фаза на описменување, како и за лица со дислексија, препорачано од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет во Скопје. Во книгата е вклучен и речник на помалку познати зборови.
Наводи
уреди- ↑ Умно.мк, од (2023-02-15). „Новите генерации добија нови современи бајки со „Детелинки белинки" - УМНО.МК“. Посетено на 2023-12-16.
- ↑ Умно.мк, од (2023-08-29). „Промоција на хрватскиот превод на „Детелинки белинки" во Охрид - УМНО.МК“. Посетено на 2023-12-16.
- ↑ „Детелинки-белинки : современи бајки со четири листенца“. literatura.mk. Посетено на 2023-12-16.