Виридијана
Виридијана (шпански: Viridiana) - шпанско-мексикански филм од 1961 година, во режија на Луис Буњел, кој е автор и на сценариото, заедно со Хулио Алехандро. Главните улоги ги играат: Фернандо Реј, Силвија Пинал, Франсиско Рабал, Маргарита Лозано, итн.[1] Филмот ја освоил „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал.[2]
Синопсис
уредиВиридијана (ја игра Пинал) е млада калуѓерка која, по наговор на главната калуѓерка во манастирот, го посетува вујкото, дон Хаиме (го игра Реј). Тој ја убедува да го облече невестинскиот фустан на неговата покојна сопруга, а потоа, воодушевен од сличноста на Виридијана, ја наговара да се омажи за него.[3] Откако Виридијана ја одбива молбата, со помош на слугинката Рамона (ја игра Лозано), Хаиме ја заспива и ја легнува на брачниот кревет. Утредента, Виридијана го напушта имотот на вујко ѝ, но пред да се качи на автобусот, полицијата ѝ соопштува дека дон Хаиме се обесил. Така, таа се враќа на имотот и одбива да се врати во манастирот. Истовремено, во куќата на дон Хаиме пристигнува неговиот син Хорхе (го игра Рабал), кој веднаш презема активности за обработка на поседите. Виридијана, пак, ги собира просјаците од селото и ги сместува во куќата. Меѓутоа, еден ден, искористувајќи го отсуството на Виридијана и Хорхе, просјаците прават гозба во куќата. По враќањето на Виридијана и Хорхе, питачите ја напуштаат куќата, но двајца од нив го врзуваат Хорхе и се обидуваат да ја силуваат Виридијана. Во последен миг, Хорхе се освестува и го наговара едниот просјак да го убие другиот, а тогаш пристигнува полицијата која го апси другиот просјак. Утредента, Хорхе ги кани Виридијана и Рамона на партија карти.