Вилхелм Темпел
64 Ангелина | 4 март 1861 |
65 Кибела | 8 март 1861 |
74 Галатеја | 29 август 1862 |
81 Терпсихора | 30 септември 1864 |
97 Клото | 17 февруари 1868 |
Ернст Вилхелм Либерехт Темпел, најчесто само Вилхелм Темпел (германски: Ernst Wilhelm Leberecht Tempel; 4 декември 1821 – 16 март 1889) — германски астроном кој работел во Марсеј сè до почетокот на Француско-пруската војна во 1870 г., а потоа се преселил во Италија.[1]
Роден е во селото Нидеркунерсдорф, Саксонија. Открил вкупно 21 комета, од кои некои веќе биле независно откриени од други. Позабележителни откритија кои го носат неговото име се 55P/Темпел-Татл, за која денес се знае дека е матично тело на метеорските дождови Леониди и 9P/Темпел — цел на сондата „Дип Импакт“ на НАСА во 2005 г. Други периодични комети наречени по него се 10P/Темпел и 11P/Темпел-Свифт-LINEAR. Покрај тоа, открил и 5 астероиди
Во 1861 г. ја добил Лаландовата награда на Француската академија на науките, како и Валзовата награда во 1880 г.[2]
Почести
уредиВо негова чест се наречени астероидот 3808 Темпел и кратерот Темпел на Месечината.
Наводи
уреди- ↑ Вилхелм Темпел — Католичка енциклопедија (англиски)
- ↑ „Comptes rendus hebdomadaires des séances de l'Académie des sciences“. Prix Valz. Paris: Gauthier-Villars. 1900. стр. 1574.
Надворешни врски
уреди„Вилхелм Темпел“ на Ризницата ? |
- Bianchi, S.; Gasperini, A.; Galli, D.; Palla, F.; Brenni, P.; Giatti, A. (2010). „Wilhelm Tempel and his 10.8-cm Steinheil Telescope“ (PDF). Journal of Astronomical History and Heritage. 13 (1): 43–58. ISSN 1440-2807. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-10.
- John Dreyer (1890). „Obituary“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 50: 179–182.
- В. Темпел — Систем за астрофизички податоци (англиски)