Вилијам Викри

канадски економист

Вилијам Спенсер Викри (англиски: William Spencer Vickrey; 21 јуни 191411 октомври 1996) — канадски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 1996 година, заедно со Џејмс Мирлис „за нивното истражување во економската теорија за стимулациите при асиметрични информации“. Објавувањето на наградата било направено само три дена пред неговата смрт; неговиот колега Ловел Харис ја прифатил посмртно наградата во негово име.

Вилијам Викри
Неокејнзијанска економија
Вилијам Викри
Роден21 јуни 1914(1914-06-21)
Викторија, Британска Колумбија, Канада
Починал11 октомври 1996(1996-10-11) (возр. 82)
Харисон, Њујорк, САД
НационалностКанаѓанец
УстановаУниверзитет Колумбија
ПолеЕкономија на јавен сектор
Алма матерУниверзитет Колумбија
Универзитет Јејл
Влијанија одРоберт Мареј Хејг
Харолд Хотелинг
Џон Мејнард Кејнс
Влијаел врзЖак Дрезе
Харви Левин
Лин Тарџин
ПридонесиАукција Викри
Теорема за еквивалентност на приходи
Цени на закрчување
НаградиНобелова награда за економија (1996)
Информации на IDEAS/RePEc

Рани години

уреди

Викри е роден во Викторија, Британска Колумбија и посетувал средно училиште на Академијата Филипс во Андовер, Масачусетс. По добивањето на неговата диплома во математика на Универзитетот Јејл во 1935 година, се запишал и ги завршил магистерските студии во 1937 година и докторските студии во 1948 година на Универзитетот Колумбија, каде останал најголем дел од неговата кариера.

Кариера

уреди

Викри бил првиот кој ги користел алатките од теоријата на игрите за да ја објасни динамиката на аукциите.[1] Во неговиот епохален труд, Викри изведува неколку идентитети за аукција и обезбедува докази за еквивалентност. Теоремата за еквиваленост на приходите останува средиштен дел на современата теорија на аукција. Аукцијата Викри е именувана по него.[1]

Викри работел на цените на закрчување, поим кој означува дека патиштата и другите услуги треба да бидат наплаќани така што корисниците гледаат дека трошоците растат кога услугата е целосно искористена и кога сè уште постои побарувачка. Цените на закрчување даваат сигнал на корисниците да го прилагодат нивното однесување или на инвеститорите да ја продлабочат услугата со цел да го отстранат застојот. Теоријата подоцна била делумно изведена во Лондон.

Во економијата на јавниот сектор, Викри го продлабочил пристапот за маргинален трошок на Харолд Хотелинг.

Економската филозофија на Викри била под влијание на Џон Мејнард Кејнс и Хенри Џорџ. Бил остар критичар на Чикашката економска школа и бил гласен во спротивставувањето на политичкиот фокус на балансирани буџети и борењето против инфлацијата, особено во времиња на висока невработеност.

Викри предавал на многу студенти и бил ментор на многу од нив на Универзитетот Колумбија, вклучувајќи ги економистите Жак Дрезе, Лин Тарџон и Харви Левин.

Личен живот

уреди

Викри се оженил со Сесил Томпсон во 1951 година. Умрел во Харисон, Њујорк, во 1996 година од срцев удар.

Избрани трудови

уреди
  • Counterspeculation, Auctions, and Competitive Sealed Tenders“, Journal of Finance, 1961
  • „Fifteen Fatal Fallacies of Financial Fundamentalism: A Disquisition on Demand Side Economics“. 5 октомври 1996.
  • Arrow, Kenneth Joseph; Arnott, Richard J.; Atkinson, Anthony A.; Drèze, Jacques (editors) (1997). Public Economics: Selected Papers by William Vickrey. Cambridge, UK: Cambridge University Press. ISBN 0-521-59763-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Warner, Aaron W.; Forstater, Mathew; Rosen, Sumner M. (editors) (2000). Commitment to Full Employment: The Economics and Social Policy of William S. Vickrey. Armonk, N.Y: M.E. Sharpe. ISBN 0-7656-0633-X.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Pavlina R. Tcherneva; Forstater, Mathew (2004). Full Employment and Price Stability: The Macroeconomic Vision of William S. Vickrey. Edward Elgar Publishing. ISBN 1-84376-409-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Vickrey, 1961

Надворешни врски

уреди