Вилис Лем

американски физичар
(Пренасочено од Вилис Ламб)

Вилис Јуџин Лем Џуниор (англиски: Willis Eugene Lamb, Jr. 12 јули 191315 мај 2008) — американски физичар кој на освоил Нобеловата награда за физика во 1955 заедно со Поликарп Куш „за нивните откритија во врска со фината структура на водородниот спектар“. Лем и Куш успеале прецизно да определат одредени електромагнетни својства на електронот (види Лемова промена). Лем бил професор на колеџот за оптички науки во Аризонскиот универзитет.

Вилис Лем
Роден(а)12 јули 1913(1913-07-12)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Починал(а)15 мај 2008(2008-05-15) (возр. 94)
Тусон, Аризона, САД
НационалностСАД Американец
Полињадизика
УстановиАризонски универзитет
Оксфордски универзитет
Јеилски универзитет
Колумбиски универзитет
Стенфордски универзитет
ОбразованиеКалифорниски универзитет, Беркли
Докторски менторЈ. Роберт Опенхајмер
ДокторандиТеодор Мајман
Марлан Скали
Балаш Ласло Гјорфи
Фредерик Хоф
Мареј Саргент III
Стенли Л. Кауфман
Дејвид Мадер
Ралф Џејкобс
Познат поЛемова промена
теорија за ласерот
квантна оптика
Поважни наградиНобелова награда за физика (1955)

Животопис

уреди

Лем е роден во Лос Анџелес, Калифорнија, САД и го посетувал Средното училиште на Лос Анџелес. Уште одма примен во 1930, станал дипломиран научник по хемија во Калифорнискиот универзитет во 1934. За теоретската работа околу расејување на неутроните од кристал, помаган од Ј. Роберт Опенхајмер, се здобил со признанието „доктор по филозофија“ за физика во 1938.[1] Поради ограничени методи на пресметување во тоа време, со ова истражување не успеал да го открие Месбауеровиот ефект, 19 години подоцна бил откриен од страна на Месбауер.[2] Исто така работел и на јадрената теорија, ласерска физика и потврдување на теоријата за квантната механика.

Лем бил професор по физика во Оксфордскиот универзитет од 1956 до 1962, и исто така предавал во Јеилскиот универзитет, Колумбискиот универзитет, Стенфордскиот универзитет и Аризонскиот универзитет. Бил избран за соработник со Американската академија за уметност и наука во 1963.[3]

Лем се памети како „надарен експерименталист и теоретичар, на најдобрата Њутнова традиција“[4] и се смета за „редок теоретичар што станал експерименталист“[5] Во подоцнежниот дел од неговата кариера посветил големо внимание на полето на квантното мерење.[4]

Личен живот

уреди

Лем се оженил со Урсула Шефер, германски студент, во 1939. По нејзината смрт се оженил со физичарката Бруриjа Кауфман во 1996, а подоцна се развеле. Во 2008 се оженил со Елси Вотсон. Лем починал на 15 мај 2008 на 94 годишна возраст.

Наводи

уреди
  1. Stiles, Lori (May 16, 2008). „Willis E. Lamb Jr., 1955 Nobel Laureate in Physics, Dies at 94“. The University of Arizona News. Посетено на September 27, 2012.
  2. Holley, Joe (May 19, 2008). „Willis E. Lamb Jr., 94; Nobel Prize-Winning Physicist“. The Washington Post. Посетено на September 27, 2012.
  3. „Book of Members, 1780-2010: Chapter L“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 22 April 2011.
  4. 4,0 4,1 F. J. Duarte, Laser Physicist (Optics Journal, New York, 2012).
  5. D. Kaiser, Drawing Theories Apart: The Dispersion of Feynman Diagrams (University of Chicago, Chicago, 2005).

Надворешни врски

уреди