Википедија:Фотоловови 2017/Предлози/Општина Маврово и Ростушa
Барателот ќе треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи каде и што ќе фотографира, со кое превозно средство ќе патува, колку време ќе трае потфатот, колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука во врска со предлогот. Барањето ќе биде одобрено во оној момент кога истото ќе добие три гласа „За“ или најмалку две третини од вкупниот број на гласови во случај веќе да има три гласа „Против“ или „Воздржан“.
Ве молиме, напишете ги бараните информации за предлогот под соодветните поднаслови подолу.
Фотолов во Општина Маврово и Ростуше
Целта на овој проект, наречен Фотолов во Општина Маврово и Ростуше, е да се обезбедат фотографии од населените места во Мавровскиот крај.
Место/места
уредиСело Врбен, Црква „Св.Петка“-Врбен, пештерата Пештер и пештерата Шаркова дупка ( ако се отворени за влез), кај Маврово, село Кичиница, и посета на месноста Трница, и ресторанот Кораб Трница, поради фотографирање на традиционален качамак и познатата реканска пита.
Траење
уредиПосетата на регионот и на населените места ќе се одвива во две фази. Проектот е планиран да започне кон крајот на август, и истиот би траел не подоцна од 15 септември. Направените фотографии ќе бидат прикачени на Заедничката Ризница.
Поединец или група (тогаш и бр. на членови)
уредиФотоловот во Општина Маврово и Ростуше ќе биде спроведен од моја страна, односно од корисникот Софија Спировска.
Проценети трошоци
уредиСите населени места ќе бидат посетени од страна на сопствено возило. Проценетите трошоци ќе се движат до 3.000 денари за гориво и за храна.
Дискусија на заедницата
уредиГласање
уреди- --Тиверополник Од селото Врбен постојат фотографии на ризницата, но за наведените места не. Затоа го давам мојот глас „ЗА“. Убав помин
- --Иван Живковиќ Убава агенда, ми се допаѓа делот од предогот каде што ќе се фотогрфира традиционален качамак, бидејќи за тоа немаме статија ниту фотографија. Мојот глас е „ЗА“.
- --Kiril Simeonovski (разговор) 09:58, 19 јули 2017 (CEST) Според мене предлогот исто така е во ред, но би сакал да препорачам ако може повеќе осврт да се направи на пештерите, традиционалните специјалитети и останатото културно наследство, имајќи на ум дека до крајот на месецов ќе организираме викиекспедиција во областа Горна Река. Гледам дека веќе се наведени енциклопедиски единици кои би биле фотографирани, така што препорачувам да се продолжи во иста насока.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:58, 19 јули 2017 (CEST)
Заклучок
уредиОдобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:59, 19 јули 2017 (CEST)
- Напомена
Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учесникот задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Photohunts in Macedonia за да ги заведе сликите на правилно место. Пожелно е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.