Шаркова дупка — пештера која се наоѓа во Општина Маврово и Ростуше, во националниот парк Маврово, блиску до зимскиот туристички центар Маврово.

Шаркова дупка
Скалите на почетониот дел во внатрешноста на пештерата Шаркова дупка
МестоМаврово
Пештерата Шаркова дупка

Местоположба

уреди

Пештерскиот бисер е сместен во непосредна близина на последните куќи од селото. До влезот има десетина минути пешачење по изградена патека и скалила. Пештерата Шаркова Дупка, која е отворена за туристите, е заштитена со железна врата и со решетки, украсена со полукружни метални скали и целосно осветлена со рефлектори. Пештерата се наоѓа на длабочина од дваесетина метри од влезот во истата, широка е околу 18 метри, а долга 25 метри. Во долниот дел од истата се наоѓа отвор кој води во уште две пештерски сали кои сè уште се недостапни за туристи.[1]

Историја

уреди

Пештерата е откриена пред повеќе од три децении од страна на месното население кое што тогаш се плашело да влезе во неа. Според една од приказните поврзани со пронаоѓањето на пештерата, селанецот со прекар Шарко, кој живеел во непосредна близина на пештерата, прв собрал храброст. Тој исекол неколку дрва, ги спуштил во дупката и, со јажиња и со помош од соседите, успеал да влезе во внатрешноста на пештерата. Оттаму пештерската убавица си го добила името Шаркова Дупка. Покрај оваа има уште неколку интересни приказни за пештерата.

Општи одлики

уреди

Од пред неколку години, националниот парк Маврово ја уреди и за посетителите стана достапна пештерата Шаркова Дупка, која се наоѓа во селото Маврово, температурата изнесува меѓу 5 и 8 целзусови степени[2]. Пештерата е богата со фигури создадени од сталактити и сталгмити, посебно привлекуваат украсите наречени „Вечна љубов“, „Мавровска волчица“, „Св. Климент Охридски“ и други, се наоѓа и мало езерце, кое напролет е полно со вода. Пред влезната врата е поставена табла со мапа, која ги објаснува пештерските украси и богатиот животински свет со кој изобилува Шаркова Дупка. Посетителите се спуштаат во внатрешноста на пештерата со железни полукружни скали, кои водат во првата јама или дворана, на околу 20 метри под земјата. Таму температурата е под 12 целзиусови степени. Подземната убавица ја красат сталактити, сталагмити прекриени со корали, сливови драперии и друг пештерски накит, кој дава слика на негибната убавина. Бидејќи почвата е богата со железо, повеќето од украсите се со карактеристична црвеникаво-кафена боја. Во Шаркова Дупка има разновиден животински свет: лилјаци, пајаци, гуштери, разни видови инсекти.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Туристички локалитети“. Национален парк Маврово. 2015-11-01. Архивирано од изворникот на 2017-08-09. Посетено на 2017-08-22.
  2. „Национален парк „Маврово" – Во прегратката на природните убавини“. Национален парк Маврово. 2013-08-22. Посетено на 2017-08-22.