Википедија:Уредувачки натпревари/СИЕ Пролет 2015
Замисла
уредиВикимедија СИЕ Пролет 2015 (Wikimedia CEE Spring 2015) — натпревар кој се одржал од 21 март до 31 мај во организација на викимедијанци и википедијанци од подрачјето на средна и источна Европа (СИЕ) со цел да се поттикне создавањето на статии за сите земји во регионот на секоја Википедија од истиот.
Замислата е учесниците од сите земји со здружени сили да да прошират информации за историјата, културата, обичаите и луѓето од секој дел на регионот со цел да се дојде до повисоко ниво на заемно признание и разбирање и да се зголеми количината и квалитетот на слободното знаење за регионот на глобално ниво.
Погледајте ја меѓународната страница на проектот.
На Википедија на македонски јазик
уредиПогледајте ги темите за секоја од земјите во регионот и пишувајте на било која од нив, за било која земја. Натпреварот на Википедија на македонски јазик се одржал во истиот период.
Натпревар и камп
уредиНатпреварот се одржал од 21 март до 31 мај на повеќе јазични изданија на Википедија, задржувајќи се на што повеќе земји од регионот.
Најдобрите учесници во натпреварот од сите земји-учеснички имале можност да учествуваат на СИЕ Викикамп, кој се одржал во Македонија од 31 јули до 2 август 2015 година.
Цели
уредиОпштите цели на натпреварот се во склад со начелните цели на Викимедииното движење за обезбедување добар број и квалитет на содржини, како и одржливост на соработката:
- зголемување на бројот и квалитетот на содржините на поголем број проекти и јазици;
- зголемување на учеството и заедниците на месно ниво, со привлечен меѓународен настан; и
- поддршка за понатамошни иницијативи за соработка меѓу уредниците во регионот.
Пријавување на учесници
уредиДодајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.
Список
уредиОценка на статии
уредиСо оглед на тоа што земја-домаќин на СИЕ Викикамп 2016 била Македонија, не е извршена формална оценка на статиите уредувани од страна на учесниците. Меѓутоа, придонесот на секој од учениците може да се погледне на страницата со евиденција.