Википедија:Уредувачки натпревари/Летни олимписки игри


Уредувачки натпревар на тема
„Летни олимписки игри“

 

од 9 јули до 8 август 2021 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Летни олимписки игри“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Летни олимписки игри“.

Натпреварот почнува на 9 јули 2021 г. во 00:00 ч. и завршува на 8 август 2021 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците имаат слобода во рамките на зададената тема при одбирање на темата на статијата за која ќе пишуваат. Во натпреварот влегуваат:

  • основните списоци и статии за Летните олимписки игри;
  • статии за поединечните Летни олимписки игри;
  • статии за спортовите на Летните олимписки игри (на пр. „Пливање на Летните олимписки игри“ итн.);
  • статии за спортови на поединечни Летни олимписки игри;
  • статии за земји учеснички на Летните олимписки игри; и
  • статии за олимпијци кои освоиле медал на Летните олимписки игри.

Во натпреварот не влегуваат статии и списоци уредени на теми поврзани со Зимските олимписки игри.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Тиверополник
  2. Carshalton
  3. M4r51n

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Инокентиј (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали за користење уреди

Може да се користат преводи, но се препорачува користење на извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги/материјали, техничка стока или спортска опрема. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата.

Посебно изненадување: Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 300 статии.

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Награда за најдобар нов учесник уреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 781
2 Carshalton 343
3 M4r51n 0
Награда за најдобра статија
Награда за најдобар нов учесник
  • Наградата не е доделена.
Посебно изненадување
  • Изненадувањето не е доделено.