Википедија:Уредувачки натпревари/Африка

Уредувачки натпревар на тема
„Африка“

 

од 19 јуни до 18 јули 2017 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Африка“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Африка“.

Натпреварот почнува на 19 јуни 2017 г. во 00:00 ч. и завршува на 18 јули 2017 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со географијата, историјата, спортот, културата или друга област поврзана со континентот Африка. Темата е слабо покриена на нашата Википедија, поради што е даден широк опсег на области, односно може да се пишува или надополнува било која статија која има поврзаност со континентот Африка. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од Африка). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Bjankuloski06 (разговор) 16:35, 19 јуни 2017 (CEST)[одговори]
  2. Иван Ж (разговор) 21:03, 20 јуни 2017 (CEST)[одговори]
  3. Тиверополник (разговор) 14:50, 21 јуни 2017‎ (CEST)[одговори]
  4. Retrohead (разговор) 13:09, 25 јуни 2017 (CEST)[одговори]
  5. Бла, бла, бла (разговор) 13:22, 17 јули 2017 (CEST)[одговори]

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока или книги/материјали по избор на добитникот.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе напише „статии поврзани со најмногу денешни држави во Африка од било која област“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 737
2 Retrohead 74
3 Bjankuloski06 42
4 Бла, бла, бла 20
5 Иван Ж 15
Награда за најдобра статија
Посебна награда
  • Тиверополник со статии за 50 денешни држави во Африка од било која област.