Помош:Скорешни промени

Ова е страница за помош на македонската Википедија.
Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.
Кратенки:
ПО:СП

Страницата Скорешни промени во МедијаВики ви овозможува да ги видите последните измени над страниците во вашиот МедијаВики проект. Користејќи ја оваа страница, корисниците можат да ја следат и прегледаат работата на другите корисници, што овозможува исправање на грешки и отстранување на вандализам. Врската кон страницата скорешни промени се наоѓа на секоја страница во алатникот во горниот лев агол. Врска кон страницата скорешни промени се прави со [[Специјални:СкорешниПромени]].


Разбирање на скорешни промени

уреди

Со основните прилагодувања, најголемиот дел од страницата се состои од педесет линии, по една за секоја измена, што отприлика изгледа вака:

  • (разл) (ист) . . с Карл Маркс; 17:03 . . Zdravko (Разговор | придонеси | блокирај)
  • (разл) (ист) . . Н Мичиген (езеро); 17:03 . . Boyan (Разговор | придонеси | блокирај)
  • (разл) (ист) . . Фенербахче; 16:39 . . 85.96.54.206 (Разговор | блокирај)

Овде се прикажани три промени: првата од страна на корисникот Zdravko на страницата Карл Маркс, втората на Boyan над Мичиген (езеро) и третата од анонимниот корисник со IP-адреса 85.96.54.206 над Фенербахче

Од лево кон десно:

  • разл“ покажува кон страница со разлики за оваа промена; кај новите страници и преместувањата оваа страница не е достапна.
  • ист“ е исто што и врската историја на уреденичката статија: покажува кон сите претходни ревизии за таа страница. При преместување на страница, врската води кон историјата на навиот наслов.
  • Здебелено с означува дека корисникот направил „ситна“ промена. За да се избегне злоупотреба, само најавени корисници можат да означат промена како ситна.
  • Здебелено Н означува дека страницата е „нова“, т.е. дека претходно не постоела. Можно е истовремено да има и ознака „ситна“ и ознака „нова“; типична примена има кај нови пренасочувања.
  • Следната врска е кон тековната верзија на дотичната страница.
  • 17:03 означува време во UTC. Времето можете да го промените во вашиот часовен појас во вашите прилагодувања - видете како се поставуваат прилагодувања.
  • Следната врска е кон корисничката страница за најавени корисници. За непријавени корисници, води кон Придонеси на корисникот.
  • На крај доаѓа врска кон корисничката разговорна страница.
  • При преместување на страница, стојат врски кон новиот и стариот наслов.

Прилагодувања

уреди

Најавените корисници можат да го изменат обликот на Скорешни промени во своите прилагодувања. За помош, видете како да се најавите и како да ги измените вашите прилагодувања. Опциите кои влијаат на скорешните промени се:

  • Сокриј ги ситните уредувања во скорешните промени - ги крие сите проемни кои најавените корисници ги означиле како ситни.
  • Подобри ги скорешните промени (JavaScript) - кога оваа опција е вклучена, повеќе измени над иста страница се групираат заедно. Оваа опција користи ЈаваСкрипт, и не функционира во сите прелистувачи
  • Број на наслови во скорешни промени. Можете да го одберете саканиот број на промени прикажани во страницата Скорешни промени; на таа страница стојат врски кон други опции. Во случај на подобрени Скорешни промени, овој број ги вклучува и оние промени кои првобитно се скриени.

Почетокот на страницата Скорешни промени

уреди

На врвот на страницата Скорешни промени се прикажува содржината на страницата МедијаВики:Recentchangestext. Овој текст може да се менува по потреба. Користете ја оваа страница за дискусија околу тоа што би можело да се стави во неа.

Гледање промени од одреден датум

уреди

Ако скорешните промени сте ги отвориле, на пример, на 10 октомври 2006 во 20:38, ќе добиете врска „Прикажи ги новите промени почнувајќи од 20:38, 10 октомври 2006“, што ви ги дава сите промени кои сè уште не сте ги виделе.

За да ги видите новите промени од тој датум, користете ја оваа адреса за пристап (во овој случај, ако времето горе наведено е UTC+2):

http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Специјална:Recentchanges&from=20061010183809

(форматот е ггггммддччммсс, UTC време).

Оваа адреса можете да ја копирате во адрестната линија и да го промените датумот и времето.

Се применува „Број на наслови во скорешни промени“ поставен во прилагодувањата.

Оваа особина не може да се користи заедно со „скриј најавени корисници“ (видете подолу) освен ако рачно не ја промените адресата.

Криење на најавени корисници во скорешни промени

уреди

Специјална:Recentchanges/hideliu е верзија на скорешни промени која прикажува само корисници кои не се најавени. Ова може да биде корисно на сите корисници кои следат вандализми. Особините како што се гледање на промени од определен таум може да се користат со особината hideliu само ако рачно ја промените адресата и додадете &hideliu=1. На пример, клик на времето (опишано во претходниот дел) може да ве однесе на адресата

http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Специјална:Recentchanges&from=20061010183809

Треба да промените во

http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Специјална:Recentchanges&from=20061010183809&hideliu=1

за да ги видите скорешните промени без најавените корисници, почнувајќи од тој датум

Ограничувања на бројот на измени; алтернатива

уреди

Максималниот број на измени кој може да се добие е 5000 (користете „limit=5000“). На англиската Википедија, тоа покрива период од околу 3 часа.

Прегледот на измени на страници за подолг период е ограничен на:

  • набљудувани страници (користете „моите набљудувани страници“ во комбинација со „Историја“).
  • страници кои се поврзани со дадена страница (користете „Штое е поврзано со ова“ во комбинација со „Историја“)
  • нови страници (користете „Нови страници“ па видете ја тековната верзија или историјата на верзии)
  • поединечни страници (користете „Историја“) и поединечни корисници (користете „Придонеси на корисник“ во комбинација со „Историја“).


Забелешка за измени кои се променети или изгубени

уреди

Откако дадена страница ќе се преименува (премести), претходните измени, вклучувајќи го и првобитното создавање на страницата, на Скорешни промени и слични места се прикажува под новото име.

По бришење на страница, претходните измени, вклучувајќи го и првобитното создавање на страницата, не се прикажуваат во Скорешни промени и слични места.

Сепак, некои линии за промени се наоѓаат во Скорешни промени (додека траат) но веќе не се наоѓаат во историјата на измени, листа на набљудувања, Поврзани промени и Прилози на корисник: кога се преместува страница со пренасочување, создавањето на тоа пренасочување се наоѓа само во Скорешните промени. Ова осебено се однесува на случаи кога преименувана страница повторно се преименува во првобитното име.

Ботови

уреди

Уредувањата на ботови можат да се сокријат од Скорешните промени со додавање на &hidebots=0 во адресата. Систем администраторите можат некои корисници да обележат како ботови, со што се спречуваат да се прикажуваат во Скорешни промени.

Историја на верзии (историја на страница)

уреди

Секоја линија претставува една измена и верзија која е последица на

  • „мом“ е слично со „разл“, погоре објаснето
  • "посл" дава разлики меѓу оваа верзија и тековната, која е сума на сите подоцнежни измени, вклучувајќи ги измените кои не се на оваа страница бидејќи биле направени по вчитувањето на страницата;