Помош:Пренасочување

Ова е страница за помош на македонската Википедија.
Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.
Кратенки:
ВП:ПРЕ
ВП:РЕДИР

Пренасочување е страница на Википедија која почнува со:

#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Статија]]

каде што Статија е целната страница. Пренасочувањето не е статија, туку го носи читателот до одредена статија, обично од алтернативен наслов.

На пример, ако внесете „САД“ во кутијата за пребарување, или ако направете вики-врска: САД, ќе бидете однесени до страницата Соединети Американски Држави, но со забелешка на врвот од страницата: „(пренасочено од САД)“. Статијата САД не содржи друга содржина освен овој ред код:
#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Соединети Американски Држави]]
Ова можете да го проверите овде.

Како да создадете пренасочување (команда за пренасочување)

уреди

За да ја пренасочите страницата А (страницата за пренасочување) до различна страница Б (целната страница), внесете ја следнава команда за пренасочување на врвот од страницата за пренасочување.

#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[ИМЕ НА СТРАНИЦА Б]]

На пример, за да пренасочите страницата Република Македонија (страницата за пренасочување) до страницата Македонија (целната страница), уредете ја страницата Република Македонија и внесете:

#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Македонија]]

Покрај тоа што ќе проверите дали правилно сте го напишале името, проверете и дали сите букви се со правилната големина (големи и мали букви) токму како во страницата до која пренасочувате. Различната големина на букви создава проблеми кај пренасочувањата.

Пренасочувања до секции од страница

уреди

Можете да пренасочите и до одредени секции од страница:

#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Македонија#Економија]] {{П до оддел}}

Земете предвид дека кога целната страница ќе се прикаже, најверојатно нема да се гледа врвот на страницата, па читателот нема да го прочита корисниот показател „(Пренасочено од...)“ освен ако не знае да скролне назад до врвот. Ова може да биде збунувачки за некои читатели.

Не заборавајте да го додадете кодот {{П до оддел}} во истиот ред (како што е прикажано горе).

Пренасочувања од кратенки

уреди

За енциклопедиски статии

уреди

Избегнувајте да создавате пренасочувања од кратенки кои Вие сте ги измислиле (или кои се општо неприфатени) до енциклопедиски статии на Википедија. Но, пожелно е да создавате кратенки ако тие се општоприфатени и чести, бидејќи го олеснуваат пребарувањето. Како што погоре прикажавме, САД е страница за пренасочување од честата кратенка за Соединети Американски Држави, а пак МАНУ ќе биде пренасочување за Македонска академија на науките и уметностите.

Во другите именски простори

уреди

За именските простори „Википедија:“, „Категорија:“, „Помош:“ и „Портал:“ можете да создавате страница за пренасочувања од кратенки за полесна пристапност.

#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Википедија:Име на страница]] {{П од кратенка}}

На пример, кратенката ВП:НГТ води до страницата Википедија:Неутрална гледна точка, а води до Категорија:Шаблони за предупредување корисници.

Не заборавајте да го додадете кодот {{П од кратенка}} во истиот ред (како што е прикажано горе).

Категории
уреди

Ако сакате да направите пренасочување на категорија, не е доволно само да додадете #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ. Содржината на категоријата сепак ќе остане во истата категорија. За пренасочување категории користете ја предлошката {{Премести категорија}} (погледнете го упатството).

Непожелни пренасочувања

уреди

Двојни пренасочувања

уреди

Двојно пренасочување е наслов кој пренасочува до друго пренасочување. Двојните пренасочувања настануваат обично како резултат на преместување на целната страница (со што ѝ се променил насловот), а сите страници за пренасочување кои водат до неа се непроменети и уште водат до стариот наслов. Ова е главната причина поради која добрите уредувачи секогаш проверуваат кои врски водат до одредена страница пред истата да ја преместат (ова може да се види преку опцијата „Што води овде?“ која се наоѓа лево, во алатникот).

Избегнувајте создавање на двојни пренасочувања (пренасочување кое води до друго пренасочување), бидејќи тие нема да функционираат и нема да доведат до целната страница.

Ако преместувате/преименувате одредена страница, најдобро е да стиснете на „Што води овде“ и да видите дали постајат пренасочувања. Доколку постојат, сменете ги да водат директно до нова страница.

Листа на сите двојни пренасочувања кои постојат во моментов може да се најде на страницата Специјални:ДвојниПренасочувања. Идеално, таа треба да биде празна.

Нефункционални пренасочувања

уреди

Пренасочувања до други проекти на Викимедија, други мрежни места или до специјални страници не функционираат.