Помош:Прилагодувања

Страницата за прилагодување ви овозможува да промените некои можности на МедијаВики софтверот. Оваа опција е достапна само за регистрирани и најавени корисници.

На сите проекти на Викимедија најавувањето и прилагодувањата се независни за секоја Википедија посебно, што значи дека ако вашето корисничко име е регистрирано на еден проект/јазик, тоа ваши само за тој проект и ниту еден друг.

Кориснички прилагодувања уреди

Кориснички податоци
Вашата е-пошта*: ...
Вашиот прекар (за потпис): ...
o Чист потпис (без автоматска врска)
Јазик:
Стара јавка: ...
Нова јавка: ...
Повторно внесување на нова јавка: ...
o Запомни ја јавката
о Дозволи праќање на е-пошта од други корисници
* Е-пошта (опционално): Им овозможува на другите да контактираат со вас преку вашата корисничка страница или вашата страница за разговор, без да биде потребно да го откриете вашиот идентитет.
  • Вашата е-пошта: Ова поле е опционално. Доколку внесете адреса, таа нема да се прикаже никаде на мрежното место. Ова ви овозможува враќање на изгубена јавка и можност другите корисници да комуницираат со вас преку е-пошта. При ваквата комуникација, вашата адреса повторно останува анонимна (целата постапка оди преку сервери на Википедија).
  • Дозволи праќање на е-пошта од други корисници: Ако стиснете на ова, корисниците ќе може да комуницираат со вас преку е-пошта.

Ваш прекар уреди

Не е задолжително вашето корисничко име да биде вашето вистинско име, можете да се регистрирате и со прекар. Прекарот во овие прилагодувања може да се користи ако сте се најавиле со вистинско име и презиме, а не сакате така да се потпишувате. Со внесување на ~~~ или ~~~~ на страници за разговор ќе се внесува вашиот потпис, т.е. прекарот кој сте го избрале.

Чист потпис уреди

Ако „Чист потпис (без автоматска врска)“ не е избран, тогаш

  • Софтверот внесува „[[Корисник:Име|“ на почеток, и „]]“ на крајот на вашиот прекар

Ако „Чист потпис“ е избран, тогаш

  • Ништо не се додава на внесениот текст
  • Вики маркап во HTML маркап е дозволен, што ви овозможува да внесувате врски, тагови за фонтови, слики, предлошки итн во вашиот потпис.

Грешки во потпис уреди

Можете да ја видите следната грешка во вашите кориснички прилагодувања:

Грешка во потписот, проверете ги HTML таговите.

Ова значи дека користите невалиден HTML маркап во вашиот потпис. Можни се следните грешки:

Незатворени тагови
Отворите таг, а на крај не го затворите(пр: [[Корисник:Пример|<font color="white">Пример]]), би требало да го затворите тагот (пр: [[Корисник:Пример|<font color="white">Пример</font>]]). Пожелно е да ставате тагови надвор од врски (пр: <font color="white">[[Корисник:Пример|Пример]]</font>).
Типографски грешки

Содржина на потписот уреди

Проверете ги правилата на вашиот проект и запамтете дека:

  • користење на прекар целосно различен од вашето корисничко име може да биде збунувачки (историјата на страниците го покажува вашето корисничко име, а не вашиот прекар во потписот)
  • ако прикажувате корисничко име или прекар со слика во потписот, или со букви заменети со специјални знаци, пребарувањето на страниците за разговор за вашиот прекар ќе биде невозможно.
  • огромни потписи можат да бидат збунувачки. Бидете умерени !!

Јавка уреди

За да ја промените јавката, внесете ја старата јавка, потоа новата и уште еднаш новата за потврда

  • Запомни ја јавката. Вклучување на оваа можност ќе ги задржи вашите HTTP колачиња во кешот на прелистувачот, што дозволува МедијаВики да ве препознае при секоја посета на некоја страница. Односно, нема да мора секој пат повторно да се најавувате.

Јазик уреди

Можете да изберете јазик на кој се прикажува Википедија. Ова се однесува само на стандардните пораки (т.е. интерфејсот), а не за содржината.

Руво уреди

Руво
o Современо
o Просто
o Векторско
o Келнско сино
o Класично (по основно)
o Мое руво
o Монобук
o Носталгија
o Шик


Рувото е стил на изглед на страниците. Постојат неколку различни изгледи кои можете да ги изберете и прилагодите според вашите потреби. Стандардното руво е Монобук.

Математички операции уреди

Математички операции
o Секогаш исцртувај во PNG
o HTML ако е многу едноставно ако не во PNG
o HTML ако е можно ако не PNG
o Остави го како TeX (за теx прелистувачите)
o Препорачливо за современи прелистувачи
o MathML ако е можно (експериментално)

МедијаВики ви овозможува да внесувате математички формули како ТеX код. Ови опции ви даваат контрола над нивниот приказ.

  • Секогаш исцртувај во PNG: Секогаш прави PNG слика од ТеХ код.
  • HTML ако е многу едноставно ако не во PNG: Ако внесениот TeX код е едноставен, како „x = 3“, прикажува како HTML. За комплексни кодови, се црта PNG.
  • HTML ако е можно ако не PNG: Оваа опција се обидува да прикаже како HTML, ако е премногу сложено црта PNG.
  • Остави го како TeX (за теx прелистувачите): Не го претвора TeX кодот, само го прикажува. Ова е примарно за текстуални прелистувачи како Lynx.
  • Препорачливо за современи прелистувачи. Ако користите нов прелистувач, користете ја оваа опција.
  • MathML ако е можно (експериментално)

Датотеки уреди

Ограничи ги сликите на нивните описни страници до:  320x240
                                                      640x480
                                                      800x600
                                                      1024x768
                                                      1280x1024
                                                      10000x10000

Можете да изберете максимална големина на слика на страницата за опис на сликите.

Голем лимит 10000x10000 значи дека сликата се прикажува во вистинска големина.

Големина на мини-слика: 120px
                            150px  
                            180px
                            200px
                            250px
                            300px

Со овие прилагодувања ја поставувате големината на смалениот приказ на сликите на страниците.

Датум и време уреди

Постојат неколку формати од кои можете да изберете:

 Небитно
 16:12, јануари 15, 2001
 16:12, 15 јануари 2001
 16:12, 2001 јануари 15
 2001-01-15T16:12:34


Часовен појас уреди

Опслужувачкото време е: 11:22
Месно време: 13:22
Отстапка: ...
¹Внесете колку часови вашето месно време се разликува од опслужувачкото време (UTC).

Времето се прикажува како локално, според вашите прилагодувања, во:


Димензии на кутијата за текст уреди

Димензии на кутијата за текст
Редови:  Колони 
o Овозможи уредување на оддел преку (уредување) врски
o Овозможи уредување при десен клик на насловите на секциите (JavaScript)
o Уредување при двојно кликнување (JavaScript)
o Максимална ширина на кутијата за уредување
o Алатник за уредување (JavaScript)
o Прикажи преглед на првото уредување
o Прикажи го прегледот пред кутијата за уредување, а не после неа
o Додади ги страниците што ги креирам јас во мојата набљудувана листа
o Додади ги страниците што ги уредуваш во набљудувани страници
o Обележи ги сите уредувања како ситни по основно
o Користи надворешен уредувач по основно
o Користи надворешна програма за разлики по основно
o Извести ме кога нема опис на промените

Скорешни промени уреди

Број на наслови во скорешни промени 
o Сокриј ги ситните уредувања во скорешните промени
o Подобри ги скорешните промени (JavaScript)
  • Број на наслови во скорешни промени : Можете да го внесето бројот на измени кои ќе се прикажат на страницата за скорешни промени и набљудувани страници.
  • Сокриј ги ситните уредувања во скорешните промени. Ги крие уредувања означени како ситни (можност само на регистрирани корисници) во страницата скорешни промени
  • Подобри ги скорешните промени (JavaScript) Ги групира скорешните измени над иста страница, прикажувајќи само наслови на статии почнувајќи од најновиот до најстариот во тој период.

Опции за пребарување уреди

Резултати по страница:
Линии по резултати:
Карактери од содржината по линија
Барај во овие именски простори по основно: (Главна); Разговор; Корисник; Разговор со корисник; Википедија; Разговор за Википедија; Слика; Разговор за слика; МедијаВики; Разговор за МедијаВики; Предлошка; Разговор за предлошка; Помош; Разговор за помош; Категорија; Разговор за категорија

Разно уреди

Определување на никулци до  
Потцртај ги врските  
o Покажи ги неправилните врски вака (алтернативно: вака?).
o Двостранично порамнување на параграфите
o Нумерирај ги заглавијата
o Прикажи содржина (за страници со повеќе од 3 заглавија)
o Без складирање на страниците
o Овозможи „скокни до“ врски за пристапност