Википедија:Селска чешма (Правопис и граматика)/Архива 3
Римски vs арапски броеви
уредиНа кратко, кога станува збор за пишување векови сметам дека треба да се пишуваат со римски броеви. И доколку одредениот век треба да е членуван се става само точка до векот и потоа се продолжува со мала буква. Проверив во правописот и прифатливо е и со арапски и со римски броеви и дека е прифатливо да се пишува точка наместо на пр. XVI-иот век и сл. Еве кои ни се опции на располагање, ќе замолам секој да изнесе мислење за да го установивме ова еднаш за секогаш и да се внесе во конвенциите за именување и сл.
- Пишување на векови:
- со арапски броеви (пример: 1 век)
- со римски броеви (пример: I век)
- со букви (пример: Прв век)
- И околу членувањето на истите, доколку се одлучиме за некое од првите две понудени решенија, тогаш дали може да членуваме вака - Дваесет и првиот век би било XXI. Повторувам, проверив во правопис и не е правилно во никој случај - 1-от век, V-от век, 20-тите години и сл.--Макс(разговор) 11:36, 15 октомври 2010 (CEST)
Prashanje
уредиKaku da pishuvam na QIRILICA koga mojov kompjuter ne pishuvat Qirilica, i zashto al ne vredet Latinicata ! So golem pozdrav--77.28.238.232 (разговор) 21:09, 18 октомври 2010 (CEST) --77.28.238.232 (разговор) 21:13, 18 октомври 2010 (CEST)
- Колку што те разбрав: не може да се пишува со латиница зошто македонскиот јазик има едно писмо - македонска кирилица. Колку што приметив, претпочиташ латиница, и тоа албанска, па мислам дека ќе те интересира албанската Википедија или која било друга Википедија на латиница--Никола Стоіаноски 21:15, 18 октомври 2010 (CEST)
- А може и google.com search mac_times download или... корисникот не му дошло до ова--Тиверополник (разговор) 21:18, 18 октомври 2010 (CEST)
- Колку што те разбрав: не може да се пишува со латиница зошто македонскиот јазик има едно писмо - македонска кирилица. Колку што приметив, претпочиташ латиница, и тоа албанска, па мислам дека ќе те интересира албанската Википедија или која било друга Википедија на латиница--Никола Стоіаноски 21:15, 18 октомври 2010 (CEST)
- Dobro e dobro ova beshe prashanje, a vie go prevrtifte kaku kritika, vi bllagodaram na vasheto kullturno ponashanje so golem pozdrav se izvinuvam sho vi otvoriv rabota i falla na odgovorot--Rizvan (разговор) 22:42, 18 октомври 2010 (CEST)
- Не, не може погрешно ме сфати. Јас само ти давам предлог ако сакаш да пишуваш на латиница, а не дека те критикувам. Не мислев на тоа, извини ако звучеше на навреда, но не смееме да пишуваме на латиница тука. --Никола Стоіаноски 22:53, 18 октомври 2010 (CEST)
Химни
уредиВидов дека немаме никакво усогласување при именувањето на химните на оваа Википедија. Некои се во оригинал (Боже Правде), некои се со македонски превод (Ој светла мајска зоро), некои се со македонска транскрипција (Лијепа наша домовино) а некои се од типот Химна на Руската Федерација. Поголем е бројот на статии со македонска транскрипција, но јас лично сметам дека најдобро е да се именуваат како црногорската химна, односно со македонски превод. --Никола Стоіаноски 16:04, 25 октомври 2010 (CEST)
Странски имиња
уредиСе замолуваат сите корисници да внимаваат при транскрипцијата на туѓите имиња во македонскиот јазик. Во последно време, сè поголема е употребата на погрешна транскрипција на имињата на спортистите, што е поттикнато од коментаторски грешки, како: „Оливер Невил“ наместо „Оливер Нојфил“, „Дирк Кајт“ наместо „Дирк Кејт“, „Весли Снајдер“ наместо „Весли Снејдер“ и „Франк Рајкард“ наместо „Франк Рејкард“. Освен овие, се прават чести грешки и при транскрипцијата на некои имиња од поблсиките јазици на македнскиот, па така руското „Елена“ се транскрибира како „Јелена“, а имам чуено дека се употребува и „Федор“ наместо „Фјодор“, што исто така е голема грешка. Иако речиси сите ги имаат прифатено погрешните транскрипции, мислам дека на Википедија на македнски јазик, должни сме да ги почитуваме правилата на транскрипција. Повеќе за ова може да се прочита во статијата за транскрипција на туѓите имиња во македонскиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:26, 3 ноември 2010 (CET)
А ЗОШТО ДА ,,ГОВОРЕМЕ КОГА МОЖЕМЕ УБАВО ДА ,,ЗБОРУВАМЕ МАКЕДОНСКИ
уредиИ ако за себе мислам оти незнам потполно правилно да се служам со македонскиот литературен јазик,сметам оти имам право да го сакам многу нашиот прекрасен литературен јазик , особено кога е чист без туѓи зборови и изреки. Во школо учевме оти за основа за македонскиот литературен јазик е земен јазикот кој се употребува во ВЕЛЕШКИОТ, ПРИЛЕПСКИОТ , БИТОЛСИОТ дел од македонија,каде што е најслабо влијанието на околните држави и јазици. Меѓутоа големо разочарување во таа насока ми создаде појавата на првата програма на МРТ емисијата ,,ГОВОРЕТЕ МАКЕДОНСКИ. Токму името на емисијата која не подучуваше за правилна употреба на македонскиот јазик беше не македонско и не литературно.Ако се почитуваше тоа што го учевме во школо името требаше да гласи ,,ЗБОРУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ. Затоа што во централниот и југозападниот дел на македонија не ,,ГОВОРАТ туку таму си ,,ЗБОРУВААТ ПРЕКРАСНО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.Таа емисија со таквото свое немакедонско име направи големи непоправливи пореметувања на македонското литературно зборување.Името ,,ГОВОРЕТЕ МАКЕДОНСКИе дијалект кој се зборува во североисточниот дел на Македонија и СКОПЈЕ каде што е силно влијанието на српскиот и бугарскиот јазик и од каде што имаме најмногу негирање на нашиот јазик и народност. ЗБОРУВА РАДИО СКОПЈЕ, ЗБОРУВА РАДИО МАКЕДОНИЈА ,велеа недостижните ИВАН АНТОНОВ ,ОЛИВЕРА ПОПАНКОВА идр. Каде се сега таквите ви се молам ????
- Потполно се согласувам со тебе и секаде јас се трудам да го користам зборот „зборува“, одошто останатиот. Имаме многу убави македонски зборови кои некои не ги користат и за несреќа ќе се најде некоја емисија од јавен карактер. Поздрав и мило ми е за оваа забелешка.--Никола Стоіаноски 00:40, 17 јануари 2011 (CET)
илинденско востание
уредиСи дозволив да направам извесни корекции во статијата(сигурно сум пропуштил нешто или сум згрешил и самиот -однапред се извинувам)бидејќи беше очајна .сигурен сум дека ја пишувал некој бугар - што само по себе не ми пречи, само барем да се потрудел повеќе.поздрав.
- Одлична работа! Исто така, би Ве посоветувал да се регистрирате, бидејќи така би имале повеќе погодности, како и преглед на сите уредувања кои сте ги направиле.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:53, 12 август 2011 (CEST)
Млекара и пивара
уредиНавистина се србизми ,се извинувам .Скопјанец сум и ги употребувам и самиот(што не ме оправдува).Во иднина ќе внимавам повеќе.Од брзање да ги поправам грешките по статиите и самиот грешам.поздрав.
- Само продолжете со одличните уредувања. Во духот на Википедја е кориснциите меѓусебно да соработуваат и да се исправаат ако има потреба.-:)--Kiril Simeonovski (разговор) 13:35, 15 август 2011 (CEST)
Има правилник за именување на држави и изведени придавки. Се препорачува да се следат наведените напатствија. --Никола Стоіаноски 14:42, 30 октомври 2011 (CET)
Запишување на датуми и редни броеви
уредиПочитувани, сакам да се навратам на дискусијата за правилното запишување на датумите и редните броеви во македонскиот јазик, којашто се водеше уште пред неколку години; но во која за жал не дојдовме до посакуваното решение. Мојот предлог беше да се употребува точка зад арапските цифри со кои се запипшани датумите, годините и редните броеви, што е правило за употреба на точка и во Правописот на македонскиот јазик. За жал, се појавија мислења дека тоа не е правилно и не треба да се менува, без притоа да се наведе каде се пропишува дека таквата употреба е во склад со Правописот на македонскиот јазик. Поради тоа, предложувам да се придржувам кон она што го имаат пропшиано јазичарите и да ја замениме неправилната со правилна употреба во овие случаи. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:04, 10 март 2012 (CET)