Википедија:Селска чешма (Википолитика)/Архива 2
Македонски теми на насловна страна?
уредиНе е малку штуро без нив? Вака излегува дека се само преводи од англиски. Kupe —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 77.29.69.215 (разговор) 18 јуни 2009, 09:34 UTC
- Википедија е општа енциклопедија која опишува поими, случки и лица од општо енциклопедиско значење. Секако дека на Википедија на македонски јазик, темите кои се значајни за сите простори каде што се говори македонскиот јазик најверојатно ќе бидат повеќе покриени, бидејќи за нив најверојатно се заинтересирани поголем број на корисници, а тоа е во ред. Но тоа не значи дека ваквите теми овде се привилегирани или предодредени за поширока обработка во споредба со другите теми од светот. Сите теми за обработка се од еднакво значење на секое јазично издание на Википедија. Секоја Википедија е географски и национално неутрална. Ова посебно важи за статии кои се занимаваат со посебен поглед на „македонското“ население — таквите статии не смеат да бидат фаворизирани, форсирани или прикажувани како апсолутна точност — неутралната точка на гледање е апсолутна. Според ова, не постои смисла во истакнувањето на знамиња или симболи на македонската држава или народ во навигацијата на сајтот, посебни врски до македонски теми во статии од општо значење или пропагирање на содржините поврзани со Македонија со тоа што ќе се направат повидливи врски до нив во споредба со останатите теми. (ВП:НЕНАЦ) --Brainmachinewtf? 08:51, 18 јуни 2009 (UTC)
Мислења за превод на „policy“
уредиВеќе долго време се влечеме со преводите на „policies“ and „guidelines“. „Guidelines“ се дефинитивно напатствија, а за „policies“ сè уште немаме одлучено. Еден предлог беше „принципи“, ама малку е немакедонско; друг предлог, „правила“, не одговара бидејќи е премногу строго; глупости несоодветни преводи како „политика/политики“ не доаѓаат во обѕир. До сега, единствениот разумен предлог е „начела“, бидејќи најдобро ги опишува текстовите во „policies“, убав македонски збор е, и не е премногу строго (како правило), а сепак дава впечаток на сериозност. Давајте ги вашите мислења со ѕвездичка (видете подолу) под „Начела“, а ако имате други предлози, пишете во „Други предлози“ (видете подолу). (Идејата за да ја отвориме оваа тема тука доаѓа од ваму и ваму, и некои други ситни дискусии.)
Напуштени
уреди- Правила: Не одговара, бидејќи Википедија нема строго зацртани правила.
- Принципи: Немакедонски збор.
- Политика/Политики: бесмисленост.
Начела
уредиМислења:
- Според мене, одговара. --iNkubusse A? 17:58, 3 јуни 2010 (CEST)
- Јас не гледам друга опција освен оваа. --Brainmachinewtf? 18:15, 3 јуни 2010 (CEST)
- Одговара, секако. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:02, 4 јуни 2010 (CEST)
- Звучи македонски и соодветно.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:20, 10 јуни 2010 (CEST)
Други предлози
уредиВо случај некој да доживее епифанија (не Водици), нека повели: