Македонски теми на насловна страна? уреди

Не е малку штуро без нив? Вака излегува дека се само преводи од англиски. Kupe —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 77.29.69.215 (разговор) 18 јуни 2009, 09:34 UTC

Википедија е општа енциклопедија која опишува поими, случки и лица од општо енциклопедиско значење. Секако дека на Википедија на македонски јазик, темите кои се значајни за сите простори каде што се говори македонскиот јазик најверојатно ќе бидат повеќе покриени, бидејќи за нив најверојатно се заинтересирани поголем број на корисници, а тоа е во ред. Но тоа не значи дека ваквите теми овде се привилегирани или предодредени за поширока обработка во споредба со другите теми од светот. Сите теми за обработка се од еднакво значење на секое јазично издание на Википедија. Секоја Википедија е географски и национално неутрална. Ова посебно важи за статии кои се занимаваат со посебен поглед на „македонското“ население — таквите статии не смеат да бидат фаворизирани, форсирани или прикажувани како апсолутна точност — неутралната точка на гледање е апсолутна. Според ова, не постои смисла во истакнувањето на знамиња или симболи на македонската држава или народ во навигацијата на сајтот, посебни врски до македонски теми во статии од општо значење или пропагирање на содржините поврзани со Македонија со тоа што ќе се направат повидливи врски до нив во споредба со останатите теми. (ВП:НЕНАЦ) --Brainmachinewtf? 08:51, 18 јуни 2009 (UTC)