Википедија:Одземање на администраторски статус/Виктор Јованоски
- Следнава дискусија е зачувана како архивирано барање за администраторски статус кое не е успешно. Ве молиме, не менувајте ја оваа страница.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор) (2/0/2); Закажано да заврши во 16:52, 7 февруари 2017 (UTC)
Виктор Јованоски (разговор • придонеси) — Дискусија за ова беше отворена на селската чешма.--Retrohead (разговор) 16:54, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
Образложение
уредиПочитувани колеги, на списокот на администратори има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите.--Retrohead (разговор) 16:54, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
Основни податоци
уреди- Врски за Виктор Јованоски: Виктор Јованоски (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и учтиви во Вашите коментари. Ако не го познавате номинираниот доволно, Ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиПочитувани википедијанци, сегашни и поранешни, почитуван Виктор Јованоски... Најпрвин морам да напишам дека за предлогот некако се двоумам како би гласал.
- Доколку би гласал „ЗА“, најверојатно би било поради чистење на статистичкиот список на администраторите, односно да се знае кој „заслужува“ во моментот да биде администратор. Често во соопштенијата до друштвените мрежи од нашата заедница се наведува податокот дека на википедија на македонски јазик имало незнам колку статии, колку често ја посетувале на ден... и колку администратори има во моментот. На крајот ова би излегло слично како еден од стиховите на Гане Тодоровски: „Колку сме толку сме токму сме!“
- Доколку би гласал „ПРОТИВ“, тоа би било поради тоа што не гледам што ќе добие заедницата а што ќе изгуби, доколку администраторскиот статус на Виктор Јованоски се премести од неактивен во поранешен. Сите знаеме (можеби поновите членови помалку) каков бил неговиот придонес во минатото, и лично сметам дека доколку некогаш пронајде можеби малку време за свој придонес повторно на википедија на македонски јазик, нормално дека тој ќе биде добре дојден, но се прашувам зошто да му ги одземеме привелегираните администраторски алатки?
Затоа, мојот глас ќе го дадам откако ќе ги видам вашите размислувања, доколку ги имате--Тиверополник
За
уреди- --Retrohead (разговор) 16:54, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Со сета должна почит кон гореспоменатиот член, кој јас не сум го запознал, бидејќи започнав со уредување после 2010 година, кога повеќето од овие предложени администратори, меѓу кои и Виктор Јованоски веќе беа повлечени, но моето мислење отсекогаш било дека неактивните администратори едноставно не треба да бидат повеќе администратори. Под статус на администратор не треба да се поистоветува на статусен симбол, на нешто врвно, туку на поголема одговорност, која си бара време. Имено, Википедија на македонски јазик и со 17 администратори има илјадници непроверени статии, а дури и самите скорешни промени одвај кој и да ги забележува, освен неколкумина администратори кои навистина си ја вршат својата функција. Никој не е спречен во вршење на уредувањето, па така навистина не гледам проблем во одземање на статусите. Воедно, доколку било кој од овие администратори, најде време и почне повторно активно да уредува, со поднесување на барање мислам дека ќе биде само процедурално за да му се вратат овие права. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:27, 1 февруари 2017 (CET)[одговори]
Против
уредиВоздржани
уреди- - iNkubusse и Виктор Јованоски одговорија брзо на известувањето што им го испратил Retrohead, и кажаа дека се присутни на Википедија но без да се најават за да знаеме дека се присутни. Затоа јас не би гласала за одземање на администраторските права. Можеби во иднина ќе ги гледаме почесто логирани. Кој знае :) - Виолетова (разговор) 21:38, 2 февруари 2017 (CET)[одговори]
- --ca7apult (разговор) 09:15, 3 февруари 2017 (CET)[одговори]