Википедија:Избрана статија/2024/05
Освојување на Африка — период од историјата на Африка проследен со окупација, поделба и колонизација на африканската територија од страна на европските сили за време на периодот на т.н. Нов империјализам, во периодот помеѓу 1881 и 1914 година. Во 1870 година, само 10% од Африка бил под европска контрола, додека до 1914 година овој процент се зголемил на речиси 90% од континентот. Единствено Етиопија (Абисинија), Дервишката држава (денешна Сомалија) и Либерија биле независни.
Берлинската конференција од 1884 година, која ја регулирала европската колонизација и трговија во Африка, обично се нарекува почетна точка за борбата во Африка. Како последица на политичките и економските соперништва меѓу европските империи во последниот квартал од 19 век, европските сили често избегнувале да војуваат меѓу себе кога станувало збор за континентот. Во подоцнежните години на 19 век, транзицијата од „неформалниот империјализам“ со воено влијание и економска доминација, го насочило владеењето, доведувајќи го колонијалниот империјализам. (Дознајте повеќе...)