Википедија:Избрана статија/2023/06
Топкапи-сарај — музеј во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно Море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.
Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на империјата и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога империјата била во своите најдобри години, во палатата живееле над 4.000 луѓе. Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница. Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по зазимањето на Цариград. Првично палатата била позната како Јени сарај или Нова палата, за да се разлилува од Екси сарај или Старата палата. Името Топкапи (топовска порта), палатата го добила според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година. Денес, објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Топкапи-сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.
Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во спосокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси некогаш изграден во времето на Османлиите. (Дознајте повеќе...)