Свети Јосиф — личност во евангелијата, сопруг на Марија, мајката на Исус и законски татко на Исус. Со папската одлука „Quemadmodum Deus“ Пиj IX на 8 декември 1870 година го прогласил за заштитник на универзалната Римокатоличка црква. Свети Јосиф е исто така заштитник на Вториот ватикански собор, а од 2013 година на Ватикан.

Јосиф бил потомок на Давидовото царско семејство, а според него, Исус бил потомок на Давид. Тој работел како сиромашен дрводелец во Назарет и во негова близина Исус го поминал детството и младоста, живеејќи едноставен живот. Христијаните го слават Јосиф, сопругот на Марија и таткото на Исус како светец и како Божји избран, кому Бог му доверил да биде глава на назаретското семејство во кое се остварило олицетворението на Исус.

Покрај работата со дрводелтсво, Јосиф бил верник. Тој се молел и го читал Светото писмо, се согласил да ја изврши Божјата волја и да прави добри дела низ целиот свој живот. Јосиф бил толку подготвен да верува во Бога што не се сомневал ниту кога Бог му зборувал во соништата. Бог му рекол во сон да ја земе Марија за жена и да не се плаши од она што е зачнато во неа. Подоцна, тој исто така преку ангел му рекол да ги земе Марија и детето и да оди во Египет, а после да се врати од Египет во одредено време и да се смести во Назарет. Со други зборови, Јосиф бил добро упатен во Божјите говори. Тој бил побожен човек, знаел да тргне по вистинскиот пат. Бил скромен и тивок, никогаш не се фалел пред луѓето. Јосиф имал благородна душа. Исто така, тој ги примил Марија и Исус под својот покрив, ги следел низ животот и ги бранел, хранејќи ги со делата од неговите раце. Во душата тој бил праведен човек, односно светец, достоинствен сопруг на Марија, небесната царица и чувар на Исус, Синот Божји. Јосиф заедно со Марија и Исус го сочинуваат Светото семејство. Празникот Св. Јосиф се слави на 19 март за католиците, на 1 мај, споменот на Св. Јосиф Работникот (католицизам), и во недела после Божиќ, споменот на Св. Јосиф Обручник за православните христијани. (Дознајте повеќе...)