Википедија:Избрана статија/2011/15
Алабама е сојузна држава во САД, сместена во југоисточниот регион. Алабама се граничи со Тенеси на север, Џорџија на исток, Флорида и Мексиканскиот Залив на југ, и Мисисипи на север. Алабама е рангирана на 30 место според големина на површина и на второто место според пловни внатрешни води. Алабама, исто така, се наоѓа на 23 место според бројот на население, кој изнесува 4,7 милиони жители во 2009.
Од Американската граѓанска војна па сè до Втората светска војна, Алабама, како и многу други јужни држави, се соочила со големи економски тешкотии, делумно и поради континуираната зависност од земјоделството. И покрај порастот на поголеми индустрии и урбанизирани градови, интересите на белите доминирале во областа на законодавството сè до 1960-тите, додека пак, интересите на Афроамериканците биле помалку застапени. По втората светска војна, Алабама искусила пораст на економијата на државата која се должела на пренасочувањето од агрикултура кон тешки производи, минерална екстракција, образование и технологија. Покрај тоа, се случило и воспоставување или проширување на веќе постоечките воени објекти, примарно тие на армијата на САД и силите на воздухопловството, како државни работни места. (Дознајте повеќе...)