Википедија:Избрана статија/2008/33
Александар Македонски или Александар III Велики, роден во Пела, Македонија, на 20 јули 356 п.н.е. — починал во Вавилон, на 10 јуни 323 п.н.е., крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади, еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водство на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет и Месопотамија. Ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи неакедонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава.
Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои сè што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.