Википедија:Избрана статија/2008/32
Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX Олимпијада, моментно се прославуваат со почеток на 8 август 2008 до 24 август 2008, почнувајќи со церемонијата на свеченото отворање којашто започна точно во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Неколку настани ќе се одржат надвор од Пекинг, а истите ги опфаќаат фудбалското натпреварување (во Квинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тјаижин), јавачкато натпреварување (во Хонгконг) и натпреварувањето во едрење (во Квингдао). Ова ќе биде трет пат Олимпијадата да се одржува под јурисдикција на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреваруваат одделно).
Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет одржано на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, насловено „Разиграниот Пекинг“ прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „жинг“(京, со значење главен град), алузивно поставено во однос на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Како учесници ќе се појават и неколку нови земји, чии национални олимписки комитети се признаени од МОК во периодот меѓу двете олимписки години.