Википедија:Избрана статија/2008/03
Словените (стсл. - Словѣнє (Slověne), рус., бел. - Славяне, укр. - Слов'яни, буг. - Славяни, срп. - Словени (Sloveni), хрв., бос. - Slaveni, свн. - Slovani, пол. - Słowianie, чеш. - Slované, свк. - Slovania, каш. - Słowiónie) се индоевропска група на народи обединети преку сличноста на јазиците, културното наследство и заедничкото потекло.
За заеднички предок на сите словенски народи се сметаат Прасловените кои живееле во областа северно од Карпатите во Источна Европа (денешна северна Украина, јужна Белорусија и југозападна Русија).
Словенските народи кои во мнозинство имаат православна христијанска вероисповед се користат со кирилично писмо, а додека словенските народи кои во мнозинство се католици или муслимани се користат со латиница.
Словенските народи се населени во централна, источна и југоисточна Европа, како и во Азија. Бројноста на словенските народи денес во светот е околу 294,75 милиони луѓе, претежно населени во Европа. Словенските народи се воедно и најбројни во Европа и претставуваат околу 36% од вкупното европско население.