Википедија:ВикиПроект Медицина/Оценување

Кратенки:
ВП:МЕДО

Една од задачите на ВикиПроект Медицина е оценување на квалитетот и важноста на содржините кои се во доменот на здравјето и медицината. Со ова проектот си помага себеси за да ги препознае одличните содржини и содржините на кои им треба работа, да добие статистичка информација за моменталната состојба на енциклопедиските статии за нејзината област и да ги следи резултатите од својата работа со текот на времето.

Како се оценува една статија?

Прво, приближно се одредува колкава е важноста на темата за медицината. Потоа, се анализира квалитетот на содржината и се споредува со критериумите за квалитет, со што се одредува класата. Потоа се поставува предлошката за класифицирање {{ВикиПроект Медицина}} на разговорната страница на статијата. Притоа, оваа предлошка има параметри за класа и важност.

На пример, кај медицинска статија за која се утврдило дека е од класа IV за квалитет и од висока важност во склоп на ВикиПроект Медицина, на нејзината разговорна страница би се ставил следнава предлошка и параметри: {{ВикиПроект Медицина|класа=I|важност=висока}}. Ова автоматски ќе ја стави страницата во соодветни категории за квалитет и важност во склоп на ВикиПроектот.

Кој може да ги оценува статиите?

Било кој член на ВикиПроектот слободно може да додава и менува оцени за една статија, но притоа треба да се придржува до критериумите за квалитет и критериумите за важност.

Моментална состојба

уреди
Статистика за ВикиПроект Медицина
Статии по квалитет Статии по важност

Врвна

Висока

Средна

Ниска

? ? ? Вкупно
Избрана статија ИС 1 0 0 0 0 1
Добра статија ДС 1 1 0 0 0 2
класа
I
1 0 0 0 0 1
класа
II
1 0 0 0 0 1
класа
III
0 3 2 2 0 7
класа
IV
1 6 8 2 0 17
список 0 0 0 0 0 0
? ? ? 0 0 0 0 142 142
Вкупно 5 10 10 4 142 171
Обновете ги статистиките ()

Скала за квалитет

уреди
Скала за оценување на квалитетот на страниците на ВикиПроект Медицина
Класа Критериуми Доживување на читателот Совети за уредувачите Пример
Избрана статија ИС Избрана статија — Статијата била номинирана и го добила статусот на избрана статија од страна на заедницата. Професионална, извонредна и темелна; дефинитивен извор за енциклопедиски информации. Не е потребно додавање на содржина освен ако не станат достапни нови информации; понатамошни подобрувања на квалитетот на прозата се секогаш можни. Рак на бели дробови
(заклучно со август 2012)
Добра статија ДС Добра статија — Потполна, стабилна, добро напишана, доволно точна и проверлива; соодветно обележана по слободна проценка на некој уредувач и дел од Инкубаторот. Корисна за скоро сите читатели, без очигледни проблеми; се приближува (иако не е изедначена) до квалитетот на една професионална енциклопедија. Потребни се некои уредувања од експерти за темата или за стил; споредба со постоечка избрана статија на слична тема може да покаже одредени области каде што содржината е слаба или недостасува. Стрептококен фарингитис
(заклучно со август 2012)
I Полна статија — Статијата е скоро комплетна во однос на содржината и нема некои поголеми проблеми, но има потреба од дополнителна работа за да ги исполни стандардите за добра статија. Читателите се задоволени, но содржината можеби не е доволна да задоволи еден сериозен ученик, студент или истражувач. Потребно е уредување од експерт на темата. Содржината на статијата може да биде збогатена со илустрации, историска позадина и дополнителни наводи. Можно е да има неколку проблеми во содржината и стилот кои треба да бидат решени. Ако статијата не е потполно или соодветно викифицирана, сега е моментот да се реши тоа. Настинка
(заклучно со септември 2012)
II

Развиена статија — Статијата има доста содржина, но сè уште ѝ недостасуваат важни информации и/или има многу неважен материјал. Таа треба да има извори до веродостојни извори, но сè уште може да има значајни проблеми или да има потреба од значително расчистување.

Статијата е подобро развиена во стил, структура и квалитет од класа III, но ѝ недостасуваат некои од критериумите за класа I. Може да има празнини или да има недостиг на елементи; има потреба од уредување за разјаснување, рамнотежа или леснотија на читање; може да има нарушувања на одредени начела, како на пример пристрасност, свое истражување или пишување од перспектива на фиктивен универзум (на пример, во статии за научно-фантастични дела).

Корисна за обичниот читател, но не може да ја даде комплетната слика ниту за едно средно детално истражување. Потребно е значајно уредување за да се затворат недостатоците во содржината и да се решат проблемите кои бараат внимание. Катерина Арагонска
(заклучно со мај 2012)
III

Статија во развој — Статија која се развива, но која сè уште не е комплетна и која бара дополнителни веродостојни извори. Статијата има некои добри информации, но е слаба во многу области. Квалитетот на прозата можно е да е значително неенциклопедиски, а придржувањето кон ПзС да е непостоечко. Сепак, статијата треба да задоволи одредени основни начела, како значајност и БЖЛ, а и да нуди извори за да биде проверлива. Статиите во оваа класа не треба да се во опасност од брзо бришење.

Нуди некои корисни информации, но мнозинството читатели ќе сакаат повеќе. Давањето на наводи до веродостојни извори треба да биде приоритет; на статијата ќе ѝ требаат и значителни подобрувања во содржината и организацијата. Миокардитис
(заклучно со август 2012)
IV

Никулец — Многу основен опис на темата. Статијата е или многу кратка, или е груба збирка на информации на која ќе ѝ треба многу работа за да стане статија со смисла. Обично е многу кратка, но ако материјалот е неважен или неразбирлив, тогаш статија од каква било должина припаѓа на оваа категорија.

Нуди многу малку корисни информации; може да биде и малку поголема од обична дефиниција во речник. Какво било уредување или дополнителен материјал би биле корисни. Додавањето на значајна содржина треба да биде приоритет. Човечка глава
(заклучно со јули 2012)
Список Список — статија чија основна содржина е список кој се состои од врски до статии од областа на одредена тема. Нема дефиниран формат за сите списоци, но нејзината организација треба да биде логична и корисна за читателот. Списоците треба да бидат збирки од врски до статии на Википедија, соодветно именувани и организирани. Список на англиски монарси
(заклучно со мај 2012)

Скала за важност

уреди
Скала за оценување на важноста на темите на ВикиПроект Медицина
Важност Критериуми Пример

Врвна

Темата е многу важна, дури и клучна, за медицината. Има силен интерес кон неа од непрофесионалци од целиот свет. Обично претставува голема тема со многу поврзани потстатии. Помалку од 1% од темите/статиите поврзани со медицината го добиваат овој статус. Медицина или Рак на бели дробови

Висока

Јасно е дека темата е значајна. Таа е интересна за обичните читатели и засега многу од нив. Во оваа категорија се вклучени некои од најчестите болести и лекувања, како и поголемите медицински специјалности. Помалку од 10% од темите/статиите поврзани со медицината го добиваат овој статус. Анемија или Коронарна артериска болест

Средна

Овие статии имаат нормален приоритет за подобрување. Добра статија од оваа категорија би била интересна или корисна на многу читатели. Темата е значајна во нејзината посебна специјалност. Оваа категорија го вклучува најголемиот број на медицински состојби, тестови, лекови, медицински супспецијализации, добро познати анатомски поими и чести знаци и симптоми. Шванова клетка или Хашимотов тироидитис

Ниска

Статијата може да биде вклучена за да покрие одреден дел од некоја поважна статија, или можеби е слабо поврзана со медицината. Темата може да биде специфична за една земја или за дел од земја, како на пример локални медицински организации. Оваа категорија вклучува: многу ретки болести, помалку познати медицински знаци, опрема, болници, индивидуи, историски информации, публикации, закони, детални генетски, биохемиски или физиолошки информации и не толку познати анатомски одлики. Медицинска информатика