Предлошка:Скала за квалитет
Класа | Критериуми | Доживување на читателот | Совети за уредувачите | Пример | ||
ИС | Избрана статија — Статијата била номинирана и го добила статусот на избрана статија од страна на заедницата.
|
Професионална, извонредна и темелна; дефинитивен извор за енциклопедиски информации. | Не е потребно додавање на содржина освен ако не станат достапни нови информации; понатамошни подобрувања на квалитетот на прозата се секогаш можни. | Ли Куан Ју (заклучно со јуни 2012) | ||
ДС | Добра статија — Потполна, стабилна, добро напишана, доволно точна и проверлива; соодветно обележана по слободна проценка на некој уредувач и дел од Инкубаторот.
|
Корисна за скоро сите читатели, без очигледни проблеми; се приближува (иако не е изедначена) до квалитетот на една професионална енциклопедија. | Потребни се некои уредувања од експерти за темата или за стил; споредба со постоечка избрана статија на слична тема може да покаже одредени области каде што содржината е слаба или недостасува. | Макемаке (заклучно со јули 2012) | ||
I | Полна статија — Статијата е скоро комплетна во однос на содржината и нема некои поголеми проблеми, но има потреба од дополнителна работа за да ги исполни стандардите за добра статија.
|
Читателите се задоволени, но содржината можеби не е доволна да задоволи еден сериозен ученик, студент или истражувач. | Потребно е уредување од експерт на темата. Содржината на статијата може да биде збогатена со илустрации, историска позадина и дополнителни наводи. Можно е да има неколку проблеми во содржината и стилот кои треба да бидат решени. Ако статијата не е потполно или соодветно викифицирана, сега е моментот да се реши тоа. | Второ Бугарско Царство (заклучно со јули 2012) | ||
II |
Развиена статија — Статијата има доста содржина, но сè уште ѝ недостасуваат важни информации и/или има многу неважен материјал. Таа треба да има извори до веродостојни извори, но сè уште може да има значајни проблеми или да има потреба од значително расчистување. Статијата е подобро развиена во стил, структура и квалитет од класа III, но ѝ недостасуваат некои од критериумите за класа I. Може да има празнини или да има недостиг на елементи; има потреба од уредување за разјаснување, рамнотежа или леснотија на читање; може да има нарушувања на одредени начела, како на пример пристрасност, свое истражување или пишување од перспектива на фиктивен универзум (на пример, во статии за научно-фантастични дела). |
Корисна за обичниот читател, но не може да ја даде комплетната слика ниту за едно средно детално истражување. | Потребно е значајно уредување за да се затворат недостатоците во содржината и да се решат проблемите кои бараат внимание. | Катерина Арагонска (заклучно со мај 2012) | ||
III |
Статија во развој — Статија која се развива, но која сè уште не е комплетна и која бара дополнителни веродостојни извори. Статијата има некои добри информации, но е слаба во многу области. Квалитетот на прозата можно е да е значително неенциклопедиски, а придржувањето кон ПзС да е непостоечко. Сепак, статијата треба да задоволи одредени основни начела, како значајност и БЖЛ, а и да нуди извори за да биде проверлива. Статиите во оваа класа не треба да се во опасност од брзо бришење. |
Нуди некои корисни информации, но мнозинството читатели ќе сакаат повеќе. | Давањето на наводи до веродостојни извори треба да биде приоритет; на статијата ќе ѝ требаат и значителни подобрувања во содржината и организацијата. | Ботаника (заклучно со јули 2012) | ||
IV |
Никулец — Многу основен опис на темата. Статијата е или многу кратка, или е груба збирка на информации на која ќе ѝ треба многу работа за да стане статија со смисла. Обично е многу кратка, но ако материјалот е неважен или неразбирлив, тогаш статија од каква било должина припаѓа на оваа категорија. |
Нуди многу малку корисни информации; може да биде и малку поголема од обична дефиниција во речник. | Какво било уредување или дополнителен материјал би биле корисни. Додавањето на значајна содржина треба да биде приоритет. | Човечка глава (заклучно со јули 2012) | ||
Список | Список — статија чија основна содржина е список кој се состои од врски до статии од областа на одредена тема. | Нема дефиниран формат за сите списоци, но нејзината организација треба да биде логична и корисна за читателот. | Списоците треба да бидат збирки од врски до статии на Википедија, соодветно именувани и организирани. | Список на англиски монарси (заклучно со мај 2012) |
Употреба
уредиОваа скала за квалитет можете да ја приспособите за вашиот википроект со додавање на името на проектот и посебни примери (од статии кои ги покрива проектот) за секоја класа.
{{Скала за квалитет |проект = |ПримериИзбрана = |ПримериДобра = |ПримериПолна = |ПримериРазвиена = |ПримериВоРазвивање = |ПримериНикулец = |ПримериСписок = }}
Поврзано
уредиПредлошки за квалитет
уреди- {{Скала за квалитет}} — критериуми за оценување
- {{Статии по квалитет}} — категории и статистики за одреден википроект по квалитет
- {{Категории по квалитет}} — само категориите за квалитет
Предлошки за квалитет и важност
уреди- {{Статии по квалитет и важност}} — подробна статистика за број на статии по број и важност на одреден википроект
Останато
уреди- {{ВикиПроектСтатија}} — метапредлошка за создавање предлошки за бележење и оценување на статии за википроекти
Гореприкажаната докуменација е превметната од Предлошка:Скала за квалитет/doc. (уреди | историја) Уредниците можат да експериментираат во песочникот (создај | отсликана) и мострите (создај). Категориите ставајте ги во потстраницата „/doc“. Потстраници на предлошкава. |