Шванови клетки или невролемоцити се главни глија клетки на периферниот нервен систем (ПНС). Глија клетките имаат функција во потпора на невроните, а во ПНС ги вклучуваат и сателитските глија клетки, клетките кои ги обвиткуваат мирисните нерви, цревните глија клетки и глија клетки кои се сместени на краевите на сетилните нерви, како Пачиниевите телца. Има два типа на Шванови клетки, миелинизирачки и немиелинизирачки. Миелинизирачките Шванови клетки ги обвиткуваат аксоните на моторните и сетилните неврони и ја формираат миелинската обвивка.

Структура на типичен неврон

Функција

уреди

Швановите клетки имаат улога во многу важни биолошки аспекти на периферните нерви - спроведувањето на нервните импулси по должината на аксоните, развојот на нервите и нивната регенерација, нутритивна потпора за невроните, создавање на вонклеточната матрица, модулирањето на невромускулната синаптичка активност и прикажување на антигени на Т-клетките.