Википедија:Барања за администраторски статус/Архива1

  • Поднесувам барање за позицијата администратор на Википедија. Некои причини поради кои го правам овој чекор: имам напишано доста статии (погледнете ги моите придонеси), се залагам за неутрална гледна точка на работите, ги средувам и дополнувам статиите (категоризација, шаблони, табели, interwiki-а и сл.), имам преведено неколку статии од англиската википедија. Но, за тоа дали ќе бидам администратор или не, одлучуваат вашите гласови. Поздрав. Boyan 18:21, 26 Ноември 2005 (UTC)

Гласање

уреди

Тука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за sysop администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици. Гласањето ќе трае една недела, односно до 3-ти Декември 2005, а кандидатот треба да добие 75% до 80% од гласовите да биде избран.

  • За. Boyan е еден од корисниците со најголеми придонеси за македонската Википедија (ако не и најголем), не само во облик на нови статии, туку и во категоризација, шаблони, поголеми и помали уредувања, итн. Исто така, последното учество во некои чувствителни дискусии покажува дека корисникот има изградено чувство за неутралност. Друга многу важна причина поради која го поддржувам Бојан да стане администратор е моменталниот недостаток на целосно активни администратори - Ivica83 е речиси целосно неактивен, а јас и misos сме повремено активни (онолку колку ни дозволуваат студиите). --FlavrSavr 19:36, 26 Ноември 2005 (UTC)
  • За. Се согласувам со FlavrSavr, и мислам дека Бојан ги задоволува сите критериуми за администратор (почитување на нетрална гледна точка, редовна активност на системот). --Misos 20:07, 26 Ноември 2005 (UTC)
  • За. Qurqa 20:10, 26 Ноември 2005 (UTC)
  • За. --5ko 16:06, 30 Ноември 2005 (UTC)

Гласањето заврши.

Boyan е прогласен за администратор со бирократски статус. --FlavrSavr 20:05, 3 Декември 2005 (UTC)

  • Поднесувам барање за позицијата администратор на Википедија по предлог на колегата Boyan. Сметам дека сте добро запознаени моите квалитети, така што незнам дали треба да ги пишувам, но доколку и тоа биде потребно секогаш сум тука да ги напишам (како ќе го изведам тоа е друго прашање :-). Молам за гласање по предлогот. Поздрав. --Б. Јанкулоски 13:13, 4 Април 2006 (UTC)

Гласање

уреди

Тука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за sysop администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици. Гласањето ќе трае една недела, односно до 11-ти Април 2006, а кандидатот треба да добие 75% до 80% од гласовите да биде избран.

  • За. Bjankuloski06 се покажа како одличен википедијанец, во последно време има најголем број на нови статии, а некои од нив беа одбрани и како статии на месецот/недела. Неутралноста мислам дека е веќе докажана, немаше ниеден конфликт до сега. Администраторите се корисници кои имаат пристап до некои заштитени области на Википедија (пр. заштита на страници, блокирање корисници, реверт на статии и сл.) За повеќе прочитај на англиската википедија. --Misos 13:31, 4 Април 2006 (UTC)
  • За. Овој корисник има создадено и преведено многу добри статии, а и нема пристрасност во дискусиите за спорните прашања. Boyan 14:01, 4 Април 2006 (UTC)
  • За. Овој корисник е еден од најактивните и најконструктивните членови на македонската википедиа. --Filip M 15:19, 4 Април 2006 (UTC)
  • За--Комита 15:40, 4 Април 2006 (UTC)
  • За. За Бојан Јанкулоски имам само пофални зборови. Одличен соработник е, не влегува во конфликти. Малце мислам дека му е потребно искуство во менаџмент со конфликти, бидејќи сепак тоа е основната работа на администраторот, но сепак, самиот фонд на придонеси е доволен да му се даде администраторска положба. --FlavrSavr 18:38, 4 Април 2006 (UTC)
  • За - треба коментар? :) --guitardemon666 21:20, 6 Април 2006 (UTC)
  • За - За овие 2 месеци од кога сум член тука, Бојан даде убедливо најголем придонес. --Aleksandar SK 21:32, 6 Април 2006 (UTC)
  • За. Бојан е еден од најтрудољубивите луѓе што ги познавам :) Dragana

Гласањето заврши.

Bjankuloski06 е прогласен за администратор. --Misos 22:55, 10 Април 2006 (UTC)

Поднесувам барање за позицијата администратор на Википедија. Веќе имам напишано многу статии. Секогаш се залагам за НГТ, иако со ризик да не бидам секогаш добро разбран, бидејќи за мене принципите на Википедија се најбитни. Сакам да ги видите Балканските војни, кои што од еден колумнистички текст станаа енциклопедиски статии. --Комита 15:39, 4 Април 2006 (UTC)

Гласање

уреди

Тука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за sysop администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици. Гласањето ќе трае една недела, односно до 11-ти Април 2006, а кандидатот треба да добие 75% до 80% од гласовите да биде избран.

  • За. - Комита е беспрекорно приврзан кон НГТ, и без администраторската положба веќе ги има потребните квалитети. Комита, ја имаш мојата доверба, но сепак, подобро е да го оставиш своето име, e-mail адреса и сл. битни податоци на твојата корисничка страница - тие се апсолутно потребни за да се стекне довербата на другите корисници, а истовремено и како контакт за корисниците кои би сакале да те прашаат за некој проблем поврзан со Википедија. --FlavrSavr 18:46, 4 Април 2006 (UTC)
  • За. Овој корисник е еден од најактивните и најконструктивните членови на македонската википедиа. --Filip M 15:19, 4 Април 2006 (UTC)
  • За. Комита е дефинитивно еден од најактивните корисници, според бројот на уредувања, а и стажот. Веќе неколку пати се докажа со својата објективност и почитување на НГТ. --Misos 19:36, 4 Април 2006 (UTC)
  • За. Одлични статии, но и поради НГТ. Boyan 20:30, 4 Април 2006 (UTC)
  • За. Комита е исклучителен википедијанец кој докажа со неговата посветеност во уредништвото и НГТ дека е достоен за функцијата Администратор. Како што вели колегата FlavrSavr погоре, на мене самиот ми е потребно искуство во менаџмент на конфликти и се надевам дека многу ќе научам токму од него. Стопроцентна поддршка! --Б. Јанкулоски 23:01, 4 Април 2006 (UTC)
  • За - вистински патриот, иначе ретка појава кај нас. --guitardemon666 21:20, 6 Април 2006 (UTC)

Гласањето заврши.

Комита е прогласен за администратор. --Misos 22:55, 10 Април 2006 (UTC)


Барања за позицијата администратор

уреди

Википедија:Aдминистратори/Архива

Поднесувам барање за администратор на Викикниги и Викиречник. Моментално нема администратори таму, а има потреба (заштита од вандализам, превод и сл), па колку што можам ќе помогнам. --Милош 00:24, 20 Април 2006 (UTC)


I request adminship privileges on mk.wiktionary and mk.wikibooks for translating the interface and fighting spam. --Милош 00:24, 20 Април 2006 (UTC)


Гласање (Voting)

уреди

Тука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за sysop администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици.

Granted sysop status on mk.wiktionary. Bye, m:User:Paginazero not logged. --82.52.14.161 16:18, 3 Мај 2006 (UTC)

Поднесувам барање за администратор на Викикниги и Викиречник. Моментално нема администратори таму, а има потреба (заштита од вандализам, превод и сл), па колку што можам ќе помогнам. --Б. Јанкулоски 00:51, 20 Април 2006


I hereby request adminship privileges on mk.wiktionary and mk.wikibooks for the purpose of fighting spam and general administration. --Б. Јанкулоски 00:51, 20 Април 2006 (UTC)


Гласање (Voting)

уреди

Тука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за sysop администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици.

  • За --Милош 00:59, 20 Април 2006 (UTC)
  • За --Boyan 08:58, 20 Април 2006 (UTC)
  • За --Filip M 12:44, 20 Април 2006 (UTC)
  • За --Комита 15:54, 20 Април 2006 (UTC)
  • За --FlavrSavr 15:02, 23 Април 2006 (UTC)
Granted sysop status on mk.wiktionary. Bye, m:User:Paginazero not logged. --82.52.14.161 16:18, 3 Мај 2006 (UTC)

Поднесувам барање за администратор на Викиречник. Моментално нема администратори, има потреба од администратор, веќе работам на почетно средување на речникот. --brest 00:24, 20 Април 2006 (UTC)

Може да ја погледнете најновата верзија на македонскиот Викиречник, веќе има повеќе од 100 статии. Набрзо ќе стигнеме до повеќе од 1.000. --Brest 16:20, 20 Април 2006 (UTC)

Гласање (Voting)

уреди
  • За --Filip M 12:45, 20 Април 2006 (UTC)
  • Против (сега за сега) - Барања за позицијата администратор се бараат со повеќемесечно искуство и учество во заедницата. Немам ништо лично против brest, дури гледам дека има и поголем стаж од мене (дури од мај 2004!), ама едноставно две години го нема, и никој од нас не го знае (мислам). Значи, ако корисникот продолжи да работи како и досега, и нема никакви проблеми (ова најверојатно ќе биде и случај), сум За да му се даде администраторска положба на Викиречник за месец дена отсега.--FlavrSavr 15:48, 23 Април 2006 (UTC)
  • Нажалост против. Брест се регистрирал 2004-та, но дури пред 10-на дена повторно почна да уредува статии. Мислам дека е премалку за да се додели администраторски статус. Во секој случај, на добар пат е, само треба уште пракса :) --Милош 18:28, 23 Април 2006 (UTC)
  • Против - Би било добро повеќе да го запознаеме Brest, ова е некако одеднаш (Или така ми се чини? :-). Boyan 20:56, 23 Април 2006 (UTC)
  • Против - го делам мислењето на колегите погоре. Но исто така драго ми е што гледам дека корисникот е на добар пат да за ја заслужи функцијата и му посакувам тоа да му се случи што поскоро. --Б. Јанкулоски 03:48, 24 Април 2006 (UTC)

Википедија

уреди

Сакам да поднесам барање за админ на википедијата. Мислам дека со оглед на времето шо го посветвам на википедијата (МНОГУ уредвања и ПОДОБРУВАЊА на веќепостоечките статиии, пишење нови статиии, категоризирања ова она) се среќавам со многу неправилности или работи којшо само админи можат да ги попрáват, и така мислам дека админ статусот ќе го искористам 100% позитивно, ефективно и корисно. Не дека има врска, ама пак сум многу стар член на мк,википедија од мај 2005 мислам, оттогаш имам придонесено баги многу, и уште помалце важно (али ај ќе си кажам) имам напишано и мислам 3 одбрани статии (од корен), имам некој 3000 едитс и то. ваше е да кажите дали сè ова е доволна причина да станам админ. ми се чини дека во последно админите се некако зафатени (од разбирливи причини), па така мора да има некој да посветва појќе внимание, (ај нека бидам јас). гласајте ај.


Гласање (Voting)

уреди

Тука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици. Гласањето ќе трае една недела, односно до 30-ти октомври 2006, а кандидатот треба да добие 75% до 80% од гласовите да биде избран.


  • За - Паметен корисник, стар член, секогаш имам одлични впечатоци од него --Комита 19:37, 23 октомври 2006 (UTC)
  • За - Вреден корисник, има што да придонесе. Прва задача од мене: прочитај ги правилата за администратори на англиската википедија (како и 3RR) и преведи ги на македонски јазик :) --Милош 20:40, 23 октомври 2006 (UTC)
  • За - мислев да те предложам, всушност. Само ќе те замолам три работи, со нови корисници комуникацијата води ја на литературен јазик (немам ништо против дијалекти, ако сум од Скопје :D), зошто не знаеш со кого комуницираш, мислам сепак е енциклопедија, професори доаѓаат итн. итн. Понатаму, со оние корисници кои третираат верски теми или за кои постои минимална индикација дека се религиозни (познавам луѓе што можат прилично сериозно да сфатат три шестки и демони), те молам користи некој друг потпис, да не излезе некоја непотребна играчка-плачка. Третата работа се подразбира, тоа е бескомпромисна Неутрална гледна точка. Поздрав. :) --FlavrSavr 20:45, 23 октомври 2006 (UTC)
  • Воздржан. --Б. Јанкулоскиразговор 22:07, 23 октомври 2006 (UTC)
  • За - ама да продолжиш со истото темпо ;-) Boyan 12:21, 24 октомври 2006 (UTC)
  • За - ама поке за панк статии да прајш :) - Македонец 17:21, 24 октомври 2006 (UTC)

Викицитат

уреди

сакам да поднесам барање и за админ на викицитат на македонски. е са работата е пошто немаме викицитат на македонски ќе требат вашите гласој на мета.википедија (најдолу тука) за да напрајме и такво вики. ако сте за, (и јас да не бидам таму админ, некој друг да е) да напрајме викицитат на македонски, кажете убо е да се има и такво нешто на македонски.

Гласање (Voting)

уреди

Тука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици. Гласањето ќе трае една недела, односно до 30-ти октомври 2006, а кандидатот треба да добие 75% до 80% од гласовите да биде избран.

  • За - Одамна ни требаше да го почнеме овој проект --Комита 19:40, 23 октомври 2006 (UTC)
  • За - Се надевам ќе заживее проектов, немаме баш успех со другите. --Милош 20:40, 23 октомври 2006 (UTC)
  • За - да, што се случи со другите проекти? --FlavrSavr 20:46, 23 октомври 2006 (UTC)
  • За - само да не се забатали тој проект. Boyan 12:24, 24 октомври 2006 (UTC)
  • За - со две раце и две нозе! :) Се за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ!!! - Македонец 17:19, 24 октомври 2006 (UTC)
  • За. Boyan одлично се искажа. --Б. Јанкулоскиразговор 07:34, 26 октомври 2006 (UTC)