Виетнамци во Чешка

Виетнамците во Чешка се трето по големина етничко малцинство во целина (по Словаците и Украинците), со повеќе од 83.000 луѓе според пописот на населението од 2011 година.

Виетнамци во Чешка
глумицата Ха Тан Шпетликова
Вкупен број
61.012[1]–80,000[2]
0.6–0.8% од чешкото население
Подрачја со значајно население
Прага, Хеб, Варнсдоф
Јазици
виетнамски, чешки
Вероисповед
Махајана,[3] Католицизам, Протестанство
Сродни народи
Виетнамци во Европа

Според пописот од 2001 година, во Чешка имало 17.462 етнички Виетнамци. [4] Од тогаш, виетнамското население расте многу брзо, при што Чешкиот завод за статистика проценува дека во октомври 2009 година во Чешка живееле 61.012 Виетнамци. Нгуен, најчестото виетнамско презиме, сега е 9-то најчесто презиме во целата земја.[5]

Историја

уреди

Виетнамските имигранти почнале да се населуваат во Чехословачка за време на комунизмот, кога биле поканети како гастарбајтери од тогашната влада. Миграцијата била охрабрена од виетнамските власти, со намера тие да се вратат со збогатени со вештини и обучени.[6][се бара извор]

По распадот на комунизмот во Чехословачка, многу Виетнамци решиле да останат во земјата. Првата генерација на имигранти традиционално заработувала за живот преку продавање на уличните пазари и тезги. Во последните години, значителен број од нив се придвижиле кон создавање на сопствени бизниси и пошироко интегрирање во општеството, слично како и другите Виетнамци кои живеат во прекуокеанските западни земји. Сепак, малиот бизнис сектор останува клучен економски домен на првата генерација Виетнамци во Чешка.[7]

Имиграцијата на Виетнамците продолжила и во текот на 90-тите и 2000-тите години.

Географија

уреди

Најголемата група на Виетнамци (повеќе од 10.000 луѓе во 2011 година) живее во Прага, а 2% од населението во регионот Карлови Вари има виетнамско државјанство, со пограничниот град Хеб кој се смета за еден од главните центри на виетнамскиот народ. Исто така, најсеверниот дел на Бохемија, околу градот Варнсдорф, има значителен број на виетнамско население.

Наводи

уреди
  1. „Foreigners by type of residence, sex and citizenship“ (PDF). Czech Statistics Office. 31 October 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-07-15. Посетено на 2010-02-01.
  2. Nozina, Miroslav (2001). „The Dragon and the Lion: Vietnamese Organized Crime in the Czech Republic“. Think Magazine (44). Посетено на 2008-02-01.
  3. „First Vietnamese pagoda opens in Czech Republic“. Thanh Nien News. Vietnam National Youth Federation. 26 January 2008. Архивирано од изворникот на 2008-01-31. Посетено на 2008-02-01.
  4. „Other languages in the Czech Republic“. The Euromosaic Study. European Commission. 27 October 2006. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2008-02-01.
  5. „Nguyen je devátým nejčastějším příjmením v Česku, poráží i Procházky“. Mladá fronta DNES (чешки). Czech Republic. 8 June 2011. Посетено на 19 November 2013.
  6. O'Connor, Coilin (29 May 2007). „Is the Czech Republic's Vietnamese community finally starting to feel at home?“. Czech Radio. Посетено на 2008-02-01.
  7. Čermáková, Martina (4 April 2007). „Still a Thorn in the Eye: The Vietnamese-Czech dialog“. Provokator Magazine. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 2008-02-01.