Виенска Котлина
Виенска Котлина (германски: Wiener Becken, чешки: Vídeňská pánev, словачки: Viedenská kotlina) — котлина сместена меѓу Источните Алпи и Карпатите.
Географија
уредиОва е прилично рамно подрачје со вретенест облик и зафаќа површина од 50 км на 200 км. На север се протега до висорамнината Моравското Поле (Мархфелд) зад Дунав. На југоисток е одделен од Малата Унгарска Низина со Литавските Планини. На запад се граничи со Гутенштајнските Алпи и Виенската Шума во состав на Северните Варовнички Алпи. Реката Дунав навлегува во котлината преку процепот Виенска Врата во планината Леополдсберг, а ја напушта преку Девинска Врата во Малите Карпати источно од Хајнбург.
Од крајот на XII век почнале да се градат тврдините Нов Град во Виена и Хајнбург на југоисточниот и источниот раб како бедем против нападите на Унгарците од подолното течение на Дунав. Сепак, војската на кралот Матеја Корвин успеала да навлезе во котлината за време на Австриско-унгарската војна во 1485 г. и започнала опсада на Виена. Градот претрпел уште две опсади од Османлиите, од кои едната едната во 1529, а другата во 1683 г.
Подрачја
уредиПреку 80% од котлината влегува во австриските покраини Долна Австрија и Виена. Северните теченија на реките Морава и Дија се во Чешка и Словачка. Долж јужниот и западниот раб има извори на геотермална и минерална вода, а со тоа и неколку бањски места како Баден, Бад Феслау и Бад Фишау-Брун.
Делови:
- Виенска Котлина во потесна смисла. Делот во Чешка се нарекува Долноморавска Долина, а оној во Словачка го носи името Борска Низина и е дел од областа Загорје
- Моравско Поле (Мархфелд) во Долна Австрија
- Хвојнички Ридови во Словачка.
Борската Низина и Хвојничките Ридови збирно се нарекуваат Загорска Низина.
Геологија
уредиГеолошките образби на Виенската Котлина се низа седиментни слоеви наталожени за време на неогенот. Котлината настанала со механизам на растргнување[1], и раседот на кој таа лежи е сеизмички активен до денес. Позначајни земјотреси во котлината се оној во Карнунт кон средината на IV век и земјотресот во Нојленгбах од 1590 г.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Plašienka, D., Grecula, P., Putiš, M., Kováč, M. a Hovorka, D., 1997: Evolution and structure of the Western Carpathians: an overview. Mineralia Slovaca - Monograph, Košice, s. 1 – 24
Надворешни врски
уреди- Виенска Котлина на Ризницата ?