Дија
Дија (чешки: Dyje) или Таја (германски: Thaya) — река во Средна Европа, најдолга десна притока на Морава. Долга е вкупно 224 км,[1] протегајќи се од запад кон исток на пограничното подрачје помеѓу Долна Австрија и Јужна Моравија (Чешка), иако границата на највеќето места не минува по самата река. Настанува од две помали реки, наречени Германска Дија (Deutsche Thaya) и Моравска Дија (Moravská Dyje, Mährische Thaya) кои потоа се среќаваат кај гратчето Рабс.
Дија Dyje, Thaya | |
---|---|
Земји | ![]() ![]() |
Слив | |
Главен извор | кај Паненска Росичка 410 м |
Устие | Морава 148 м 48°37′01″ N; 16°56′25″ E / 48.6170° N; 16.9402° EКоординати: 48°37′01″ N; 16°56′25″ E / 48.6170° N; 16.9402° E |
Течение | Морава→ Дунав→ Црно Море |
Сливна повр. | 13 419 км2 |
Физички особености | |
Должина | 224 км [1] |
Проток |
|
Името Дија значи „тромава“. Недалеку од Знојмо се наоѓа истоименото селце Дије, наречено по реката.
ГеографијаУреди
Во горното течение, реката минува низ длабоки клисури во Националниот парк Подији и минува покрај повеќе замоци и дворци. Тука има изградено неколку брани.
Дија ги собира водите од западната половина на Моравија и соседните краишта на Долна Австрија. Нејзини најголеми притоки се Свратка и Јихлава кои се среќаваат во средната акумулација од хидросистемот „Нове Млини“.
Населени местаУреди
Поважни населени места по течението на Дија (по низводен редослед) се:
- Рабс на Дија (Raabs an der Thaya)
- Дрозендорф-Цисерсдорф (Drosendorf-Zissersdorf)
- Вранов на Дија (Vranov nad Dyji)
- Хардег (Hardegg)
- Знојмо (Znojmo)
- Ла на Дија (Laa an der Thaya)
- Леднице (Lednice)
- Бжецлав (Břeclav)
БраниУреди
Сите брани на Дија се наоѓаат во Чешка и служат за наводнување, производство на електрична енергија и заштита од поплави.
Брана | Моќност | Вид |
---|---|---|
„Вранов“ | 18,9 MW | обична |
„Знојмо“ | 1,4 MW | проточна |
„Нове Млини I“ (горна) | — | проточна |
„Нове Млини II“ (средна) | — | проточна |
„Нове Млини III“ (долна) | 2,4 MW | проточна |
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Дија“ на Ризницата ? |
- Тековен водостој на Дија: во Подхради, Вранов-Хамри и Ладна — портал „Моравски слив“ (чешки)
- Информации за пловноста на Дија (чешки)
- Список на хидроелектраните на Дија (чешки)
- Здружение на пријателтие на Дија (Таја) (германски)
- Дија (Таја) на „Австрија-форум“ — Австриски лексикон