Вермут
Вермут — посебно ароматизиран пијалак којшто се произведува од вино (винскиот дел не би требал да биде помал од 60 %), екстракти од ароматични треви (најчесто пелин), алкохол и шеќер. Вермут е вид на вино во кое се додаваат билки за да се подобри вкусот на виното. Во себе има помеѓу 15 и 18 % алкохол. Се користи како состојка на различни коктели, но и како замена за бело вино во кулинарството.
Историја
уредиВермутот првпат е направен во Италија во 18 век, а од 19 век се произведувал и во Франција. Од видовите вина, составот на тревата и количината на додадениот шеќер зависи дали ќе се произведе бел, розов или црвен, горчлив, сув или сладок.[1] Почетокот на производството на ваквите пиења се поврзува со името на грчкиот лекар Хипократ. Според долгата традиција за овие производства зборувале Цицерон и Плиниј зборувајќи за „absinthianum vinum“. Подоцна, општоприфатено име на овој пијалак е од германскиот збор wermuth, од каде преку францускиот vermouth преоѓа во италијанскиот vermut.
Наводи
уреди- ↑ „Шта је вермут?“. 2015-02-04.
Литература
уреди- Ford, Adam (2015). Vermouth: The Revival of the Spirit That Created American's Cocktail Culture. Woodstock, VT: Countryman Press. ISBN 978-1-58157-296-4.
- Herbst, Sharon Tyler; Ron Herbst (1998). The Ultimate A-To-Z Bar Guide. New York: Broadway Books. ISBN 0-7679-0197-5.
- Krader, Kate (Editor) (2009). Cocktails '09. New York: Food & Wine Books, American Express Publishing. ISBN 978-1-60320-811-6.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Walton, Stuart; Glover, Brian (1998). The Ultimate Encyclopedia of Wine, Beer, Spirits & Liqueurs. London: Lorenz Books. ISBN 0-7548-0334-1.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |