The Velvet Underground

американска рок-група
(Пренасочено од Велвет Андерграунд)

The Velvet Underground ― американска рок-група основана во Њујорк во 1964 година. Во првиот состав на групата членувале: пејачот и гитарист Лу Рид, велшкиот мултиинструменталист Џон Кејл, гитаристот Стерлинг Морисон и тапанарот Ангус Меклајс. Иако за време на своето постоење (1964-1973) групата не била комерцијално успешна, денес критичарите ги сметаат за еден од најважните и највлијателните групи во рок, андерграунд, експерименталната и алтернативната музика.[5] [6] Нивните провокативни стихови, музичките експерименти и нихилистичкиот став биле исто така многу важни за развојот на панк-рок, њу-вејв и неколку други музички жанрови.[5]

The Velvet Underground
The Velvet Underground и Нико во 1966
Во насока на стрелките на часовникот од горе лево: Лу Рид, Стерлинг Морисон, Џон Кејл, Мо Такер и Нико
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • The Warlocks
  • The Falling Spikes
ПотеклоЊујорк, Њујорк, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1964–1973
  • 1990
  • 1992–1993
  • 1996
Издавачи
Мреж. местоvelvetundergroundmusic.com

Во 1966 година, поп-уметникот Енди Ворхол станал нивен менаџер. Тие биле куќен состав во студиото на Ворхол, The Factory. Нивниот прв албум, The Velvet Underground & Nico, со германската пејачка и манекенка Нико, бил објавен во 1967 година.[7] [8] Потоа издале уште три албуми, White Light/White Heat (1968), The Velvet Underground (1969) и Loaded (1970).

На почетокот од 1970-тите, сите членови освен Јул ја напуштиле групата. Yule предводел неуспешна турнеја во Обединетото Кралство во 1973 година и го издал последниот албум под името Velvet Underground, Squeeze (1973).

Морисон починал во 1995 година, а останатите членови во 1996 година го имале последниот настап при нивната индукција во Куќата на славните на рокенролот. Рид починал во 2013 година. Во 2004 година, Velvet Underground биле рангирани на 19-то место на листата од „100-те најголеми уметници на сите времиња“ од списанието Ролинг Стоун.[9] „Њујорк тајмс“ напишал дека „Velvet Underground“ се „веројатно највлијателната американска рок-група од наше време“.[10]

Историја

уреди

Почетоци (1964-1966)

уреди

Темелите за она што ќе стане „Velvet Underground“ биле поставени кон крајот на 1964 година. Кантавторот и гитарист Лу Рид настапувал со неколку гаражни групи и бил текстописец во Pickwick Records.[11] Рид се запознал со Џон Кејл, Велшанец кој се преселил во САД за да студира класична музика откако добил стипендија од Леонард Бернштајн . Кејл работел со експериментални композитори како: Џон Кејџ, Корнелиус Кардју и Ла Монте Јанг, но бил заинтересиран и за рок-музика.[12] Употребата на продолжени бордуни од Јанг ќе има големо влијание врз раниот звук на групата. Кејл бил пријатно изненаден кога открил дека експерименталистичките стремежи на Рид се слични на неговите: Рид понекогаш користел алтернативни штимања на гитара за да создаде бордун-звуци.

Рид и Кејл прво ја основале групата the Primitives, краткотрајна група основана за да издава записи по прифатливи цени. Рид и Кејл, како замена за Волтер Де Марија, кој бил трет член на Primitives во групата го повикале Стерлинг Морисон - соученик на Рид од колеџ.[13] Ангус МекЛајс им се придружил на ударачки инструменти со што се комплетирал почетниот четиричлен состав на групата. Квартетот прво се викал Warlocks, а потоа Falling Spikes.[14] Групата го добила своето име по книгата Velvet Underground напишана од Мајкл Ли, која се занимава со тајна сексуална субкултура во раните 60-ти.[15] Според Рид и Морисон, на групата ѝ се допаднало името; тие веднаш и едногласно го усвоиле The Velvet Underground за ново име во ноември 1965 година.

Енди Ворхол и Exploding Plastic Inevitable (1966-1967)

уреди

Во 1965 година, режисерката Барбара Рубин[16] ги запознала Velvet Underground со Енди Ворхол и тој станал менаџер на групата. Ворхол предложил да соработуваат со германската пејачка Нико (родена Криста Пафген) на неколку песни. Репутацијата на Ворхол ѝ помогнало на групата да добие поголема популарност. Тој ѝ помогнал на групата да склучи договор со Verve Records, а Ворхол требало да биде номинален „продуцент“ со што Velvets имале целосна слобода за музиката што ја правеле.

Групата станала дел од мултимедијално роуд-шоу на Ворхол, Exploding Plastic Inevitable, во кое биле комбинирани филмовите на Ворхол со музиката на групата.

The Velvet Underground & Nico (1967)

уреди

На инсистирање на Ворхол, Нико пеела со групата на три песни од нивниот прв албум, The Velvet Underground & Nico. Албумот прво бил снимен во студиото на Scepter во Њујорк во текот на април 1966 година, но од нејасни причини, некои песни биле преснимени во студиото TTG во Лос Анџелес. Албумот бил издаден од Verve Records во март 1967 година. Корицата на албумот ја дизајнирал Ворхол: лепенка од жолта банана со текст „излупи полека и види“ испечатен во близина на врвот. Ако се тргне лепенката од бананата, под неа имало розова излупена банана.[17]

Песните од албумот биле полни со стихови за употреба на дрога, проституција, садомазохизам. Иако овие потемни теми денес се сметаат за револуционерни, групата се занимава и со други прашања. Песната „Femme Fatale“ била инспирирана од најдобрата пријателка на Ворхол, Ајда Сеџвик, а „I'll be your Mirror“ била инспирирана од самата Нико, која Лу не ја сакал во групата, но сепак напишал неколку песни за неа и имале кратка врска. Можеби најпознатата песна од албумот е „Венера во крзна“, која Рид ја напишал инспириран од истоимената книга на Леополд фон Захер-Масох. Песната „Heroin“ ја опишува употребата на хероин и искуството што поединецот го добива од неговите ефекти. Песната „All Tomorrow's Parties“ го претставува погледот на Рид за луѓето кои минуваат низ Фабриката на Ворхол.

White Light/White Heat и заминувањето на Кејл (1968)

уреди

Лу Рид го отпуштил Ворхол од неговата менаџерска позиција откако тој престанал да се интересира за групата, а исто така била отпуштена и Нико. Стив Сесник бил назначен за нов менаџер. Наскоро, во септември 1967 година, тие почнале да го снимаат нивниот втор албум, White Light/White Heat, со Том Вилсон како продуцент. Албумот бил издаден во јануари 1968 година; две недели бил на топ-200 листата за алуми на Билборд, на 199-то место.

Тензиите растеле: на групата ѝ се смачило тоа што нејзините дела добиваат многу мало признание, а Рид и Кејл го влечеле Velvet Underground во различни насоки. Конечно, Рид ги повикал Морисон и Такер на состанок во кафуле без знаење на Кејл и ги известил дека Кејл повеќе не е член на групата. Откако Морисон се спротивставил, Рид рекол дека или ќе го отпуштат Кејл или Велветс ќе бидат распуштени.[18] Морисон и Такер не биле задоволни со одлуката, но откако биле соочени да избираат меѓу Кејл или опстанокот на групата, тие неволно застанале на страната на Рид.[19] [20] Последниот концерт на Кејл со групата бил во септември 1968 година и набргу потоа бил отпуштен. На негово место дошол басистот Даг Јул.

The Velvet Underground (1969)

уреди

Третиот албум на групата бил снимен кон крајот на 1968 година, а бил објавен во март 1969 година. Се забележува голема промена на звукот од претходните два албума. Има потрадиционален, мирен стил, сличен на звукот кој подоцна ќе ја карактеризира соло-кариерата на Лу Рид. Оваа промена се должи на фактот што Рид по заминувањето на Кејл целосно ја презел креативната контрола на групата.

Помеѓу објавувањето на третиот и четвртиот албум бил снимен многу материјал кој тогаш не бил објавен. Причината за ова делумно се должи на проблемите со издавачката куќа. Овие снимки биле објавени по распаѓањето на групата, на албумите VU (1985) и Another View (1986).

Loaded (1970)

уреди

Последниот официјален албум на Velvet Underground бил снимен и издаден во 1970 година за издавачката куќа Atlantic Records, откако претходно биле отпуштени од нивната издавачка куќа MGM. Биле отпуштени затоа што новиот претседател на компанијата, Мајк Керб, одлучил да ги отпушти сите групи поврзани со дрога или со хипи-движењето.

Албумот насловен како Loaded е најтрадиционалниот и најпристапниот албум на групата. Содржи некои од најкласичните песни на групата, како „Sweet Jane“ која ќе стане една од најпознатите песни на Рид. Поради бременоста на Морин Такер, на тапани за албумот чукале неколку луѓе, меѓу кои Даг Јул, аранжерот Адријан Барбер, сесионерот Томи Кастанаро и Били Јул, брат на басистот Даг.[21]

За време на сесиите за снимање Loaded, Velvets девет недели (од 24 јуни до 28 август 1970 година) престојувале во њујоршкиот ноќен клуб Max's Kansas City, свирејќи два долги сета на вечер при што изведувале и изменети аранжмани на постари песни од нивните претходни албуми и нов материјал кој наскоро ќе биде објавен на Loaded. Последниот настап во живо на Рид со групата во Макс бил неформално снимен и бил објавен две години подоцна (во 1972 година) под наслов Live at Max's Kansas City, исто така со Атлантик рекордс.

Рид одлучил да ја напушти групата во август 1970 година[22] и да се врати во домот на неговите родители на Лонг Ајленд.

Squeeze (1971-1973)

уреди

По заминувањето на Рид, Даг Јул ја презел контролата во групата. Интересно е тоа што, популарноста на групата растела во Европа во овој период. Групата била на турнеја на Источниот Брег на Соединетите Американски Држави, а потоа и во Европа со Јул на вокал и гитара, Волтер Пауерс (колега на Јул од групата Grass Managers) на бас и Вили Александар (исто така од Grass Managers) на вокал и клавијатури, кој го заменил Стерлинг Морисон кој го напуштил групата во 1971 година за да продолжи со академска кариера на Универзитетот во Тексас. Дел од публиката ја исмејувала оваа формација нарекувајќи ја The Velveteen Underground.

Групата сè уште ѝ должела албум на дискографската куќа, и тие решиле да го објават Live at Max's Kansas City снимен за време на серијата настапи кои групата ги одржала во споменатиот клуб во текот на 1970 година пред заминувањето на Рид. Поради ова, некои членови заминале, оставајќи го Јул сам со менаџерот Стивен Сесник, кој склучил договор со Polidor. Конечно, Јул снимил албум под името The Velvet Underground, со Ијан Пејс, тапанар од Deep Purple и многу сесиски музичари. На албумот имало и пејачка, но нејзиниот идентитет не е познат. Јул ги компонирал и ги аранжирал сите песни, свирел на сите инструменти освен тапани и го продуцирал албумот.

Албумот под наслов Squeeze бил презрен од критичарите, а со текот на времето исчезнал од официјалната дискографија на групата. Албумот не бил реиздаден и поради неговата реткост се зголемувала неговата вредност со текот на годините. Дури во 2012 година бил објавен за прв пат на ЦД.

Јул составил нова постава и заминал на турнеја, овој пат без Сесник како менаџер бидејќи тој претходно ја напуштил групата. Јул станал менаџер од потреба, но турнејата не била успешна како што се очекувало затоа што поради доцнењето на издавањето на албумот тие немале копии од Squeeze за продажба за време на турнејата. Доцнењето се должело на изгубените мајстори на албумот на одредено време. Исто така, се шпекулирало дека Лу Рид се обидел да го спречи издавањето, но нема докази за тоа.

Последниот концерт на групата бил во клубот Оливер во Кембриџ на 27 април 1973 година, Јул ја распуштил групата во јуни истата година. Некои снимки во живо од оваа последна фаза на групата биле објавени во 2001 година, кога бил објавен Final VU, ЦД-сет со материјал снимен на настапи помеѓу 1971 и 1973 година.

Влијание

уреди

The Velvet Underground се смета за една од највлијателните групи во историјата на рокот. Во 1996 година тие биле примени во Куќата на славните на рокенролот.[23] Критичарот Роберт Кристгау ги смета за „трета група од 60-тите, по Битлси и Џејмс Браун и неговите The Famous Flames“. [24] AllMusic напишале дека „Малку рок-групи можат да тврдат дека пробиле толку многу нови територии и да одржуваат постојана брилијантност на снимките, како Velvet Underground за време на нивниот краток животен век [...] иновациите на Velvets – кои ја мешаат енергијата на рокот со звучниот авантуризам на авангардата и воведениот нов степен на социјален реализам и сексуална љубезност во рок стиховите - беа премногу абразивни за мејнстримот да може да се справи“.[25] Првите четири албуми од групата биле вклучени на списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња од Ролинг Стоун[26] Групата била рангирана како 19-ти најдобар изведувач од истото списание[27] и 24-ти најдобар изведувач во анкетата спроведена од VH1.

Во 2021 година, на Канскиот филмски фестивал бил премиерно прикажан документарниот филм насловен „Кадифето подземје“ и бил објавен на Apple TV+.[28]

Наводи

уреди
  1. Bannister, Matthew (2007). White Boys, White Noise: Masculinities and 1980s Indie Guitar Rock. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 38. ISBN 978-0-7546-8803-7.
  2. Rosenberg, Stuart (2009). Rock and Roll and the American Landscape: The Birth of an Industry and the Expansion of the Popular Culture, 1955–1969. iUniverse. стр. 179. ISBN 978-1-4401-6458-3.
  3. Walcott, James (2015). Critical Mass: Four Decades of Essays, Reviews, Hand Grenades, and Hurrahs. Knopf Doubleday Publishing. стр. 129. ISBN 978-0-7679-3063-5. Посетено на June 3, 2017.
  4. „Proto-Punk“. AllMusic. Посетено на September 25, 2016.
  5. 5,0 5,1 Unterberger, Richie. „The Velvet Underground – Biography & History“. AllMusic. Посетено на March 26, 2017.
  6. Kot, Greg (October 21, 2014). „The Velvet Underground: As influential as The Beatles?“. BBC. Посетено на November 25, 2016.
  7. RS 500 Greatest Albums November 18, 2003.
  8. 13-The Velvet Underground and Nico Rolling Stone, November 1, 2003
  9. Julian Casablancas, "The Velvet Underground" (No. 19), in "The Immortals: The First Fifty", Rolling Stone, No. 946 (April 15, 2004), accessed April 29, 2007.
  10. Bowman, David.
  11. David Fricke, liner notes for the Peel Slowly and See box set (Polydor, 1995).
  12. John Cale as told to Marc Myers (January 20, 2013). „Incubator for the Velvet Underground“. Wall Street Journal. Посетено на January 27, 2013.
  13. Colin Larkin, уред. (1997). The Virgin Encyclopedia of Popular Music (Concise. изд.). Virgin Books. стр. 1216. ISBN 1-85227-745-9.
  14. Scott Schinder; Andy Schwartz (2008). Icons of Rock. Greenwood Publishing Group. стр. 312. ISBN 978-0-313-33847-2.
  15. Jovanovic, Rob (2012). Seeing the Light: Inside the Velvet Underground. Macmillan. стр. 38. ISBN 978-1-250-00014-9.
  16. Kugelberg, Johan. „Christmas on Earth: Barbara Rubin“. Boo-Hooray Gallery. Архивирано од изворникот на June 14, 2014. Посетено на April 5, 2016.
  17. Stańska, Zuzanna (2023-08-06). „The Story of Velvet Underground & Nico Album Cover by Andy Warhol“. DailyArt Magazine (англиски). Посетено на 2024-02-10.
  18. Howard Sounes (October 22, 2015). Notes from the Velvet Underground: The Life of Lou Reed. Random House. стр. 113. ISBN 978-1-4735-0895-8.
  19. Unterberger, Richie. „The Velvet Underground – Biography & History“. AllMusic. Посетено на March 26, 2017.
  20. Paytress, Mark (November 25, 2014). „The Velvet Underground: Reissued 3rd Album Reviewed“. Mojo4music.com. Посетено на November 8, 2015.
  21. Howard Sounes (October 22, 2015). Notes from the Velvet Underground: The Life of Lou Reed. Random House. стр. 94. ISBN 978-1-4735-0895-8.
  22. „The Velvet Underground – Doug Yule Part 8“. YouTube. December 23, 2013. Посетено на November 8, 2015.
  23. „The Velvet Underground“. Future Rock Legends. January 3, 2007. Посетено на March 13, 2012.
  24. „Robert Christgau: CG: The Velvet Underground“. Robertchristgau.com.
  25. Unterberger, Richie. „The Velvet Underground – Biography & History“. AllMusic. Посетено на March 26, 2017.
  26. „Rolling Stone's 500 Greatest Albums of all time (2012 Edition)“. last.fm. Архивирано од изворникот на October 22, 2014. Посетено на November 22, 2014.
  27. Casablancas, Julian. „100 Greatest Artists: 19 – The Velvet Underground“. Rolling Stone. Посетено на November 22, 2014.
  28. Blistein, Jon (August 30, 2021). „The Velvet Underground Chart a Singular Path in Trailer for Todd Haynes' New Documentary“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот August 31, 2021. Посетено на September 27, 2023.

Надворешни врски

уреди