Ватерло (мост)
Мостот Ватерло (англиски: Waterloo Bridge) е мост кој се наоѓа над реката Темза во Лондон, Англија. Мостот се наоѓа помеѓу мостот Блекфрајарс и Хангерфорд. Овој мост ги поврзува Вестминстер и Ламбет[1].
Мостот Ватерло Waterloo Bridge | |
---|---|
Темза и мостот Ватерло | |
Носи | Моторни возила пешаци |
Преминува | Темза |
Место | Лондон, Англија |
Особености | |
Најдолг распон | 71 m |
Историја | |
Отворен | 1945 |
Местоположба | |
Името на мостот произлегува од британската победа во Битката кај Ватерло во 1815 година. Првиот мост бил изграден во 1809-1810 година, од страна на Џон Рене. Денешниот мост пак бил изграден во 1945 година. Овој мост е сличен на Лондонскиот мост. Како една од најкарактерните разлики е тоа што мостот Ватерло има четири столбови, а Лондоснкиот два[2].
На овој мост, во 1978 година бил убиен бугарскиот писател Ѓорги Марков, по нарачка на бугарската Државна сигурност.
Наводи
уреди- ↑ Waterloo Bridge
- ↑ „Мосты Лондона. Ватерлоо“. Архивирано од изворникот на 2010-05-12. Посетено на 2010-08-29.