Васил Цветковски
Васил Тодоров Цветковски ( 1926 во Миладиновци, Скопско — 12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Потекнувал од земјоделско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. По ослободувањето на Скопје, на 22 ноември 1944 година, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Сремскиот фронт и учествувал во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Претходно со успех ја совладал тримесечната воено - стручна обука. На 12 април 1945 година во битката на регионот на Шид - Товарник, храбро загинал. Бил закопан некаде меѓу Шид и Товарник, а подоцна неговите посмртни останки биле пренесени во неговото родно село, Миладиновци.[1]