Василица Чука (Костурино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Василица Чука

Карта

Местоположба 41°21′25″N 22°36′33″E / 41.35694° СГШ; 22.60917° ИГД / 41.35694; 22.60917
Основни податоци
Место Костурино
Општина Струмица
Тип

 градиште


Период хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“

Василица Чукаархеолошко наоѓалиште во Костурино, Општина Струмица.

Претставува градиште од хеленистичко и римско време. На околу 4 км северно од селото се наоѓа висок рид што доминира над патот Струмица-Валандово. Самиот врв го опкружуваат остатоци од темели на бедем, ѕидан од камен и варов малтер. На простор од 200 × 60 м во внатрешноста на тврдината се гледаат темели од помали објекти, а се среќаваат и фрагменти од градежна и садова керамика. Најдени се и неколку хеленистички монети кои се чуваат во Заводот и музеј во Струмица[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069