Варвара Радосављевиќ
Игуменија Варвара (световно: Вера Радосављевиќ, српски: Вера Радосављевић; 21 ноември 1939 - 19 јуни 2024) — српска монахиња, игуменија на манастирот Беочин во Банат од 2019 до 2024 година.
Варвара Радосављевиќ | |
---|---|
Игуменија во Манастир Беочин | |
Црква | Српска православна црква |
Седиште | Манастир Беочин |
Ракоположен | 20 ноември 2019 |
Службата завршила | 19 јуни 2024 |
Претходник | Екатерина Радосављевиќ |
Лични податоци | |
Световно име | Вера Радосављевиќ |
Роден | 21 ноември 1939 Ваљево, Кралство Југославија |
Починал | 19 јуни 2024 Манастир Беочин | (возр. 84)
Почивалиште | Манастир Беочин |
Животопис
уредиИгуменијата Варвара (Радосављевиќ) е родена на 21 ноември 1939 година во Причевиќ кај Ваљево.[1] Основното образование го добила во родниот град. Нејзините биолошки сестри калуѓерки се Мајка Марина и Екатерина од Беочинскиот манастир на Фрушка гора.[2]
Монашкиот пат го започнала заедно со сестра ѝ Екатерина во 1950 година кога дошле во манастирот Келије кај Ваљево, како искушеници кај игуменијата Сара Ѓукетиќ.[3] Се замонашила во 1965 година во Манастирот Беочин на Фрушка Гора, добивајќи го монашкото име Варвара. Затекнале пустош, немало прозорци, врати, ни пат до манастирот. Денес, благодарение на напорите на игумениите Екатерина и Варвара, манастирот Беочин изгледа како рајска градина, еден од најуредените манастири на Сремската епархија, каде владее мир и тишина и каде престојува сестринство од 20 калуѓерки.[4]
Со решение на епископот Сремски г. Василиј (Вадиќ), по смртта на игуменија Екатерина (Радосављевиќ), на 20 ноември 2019 година, Варвара е именувана за игуменија на Манастирот Беочин каде што успешно раководела со манастирот пет години.[4]
Починала на 19 јуни 2024 г.
Наводи
уреди- ↑ eparhijasremskaadmin (2023-05-27). „СВЕТА АРХИЈЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈАУ МАНАСТИРУ БЕОЧИНУ“. Епархија сремска (англиски). Посетено на 2023-11-29.
- ↑ „Прослава храмовне славе Вазнесења Господњег у манастиру Беочин – Радио Српски Сион“ (српски). 2020-05-29. Посетено на 2023-11-29.
- ↑ „Вазнесење Господње – слава манастира Беочин – Радио Српски Сион“ (српски). 2023-05-25. Посетено на 2023-11-29.
- ↑ 4,0 4,1 admin (2020-05-21). „Манастир Беочин“. Čudo (српски). Посетено на 2023-11-29.