Вангел Тодоровски
Вангел Тодоровски - Мајорот (Битола, 1920 - Битола, 12[1] или 24 април[2] 1942) — македонски комунист, учесник во НОВ. Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 јули 1952 година.[3][4]
Вангел Тодоровски | ||
Роден | 1920 Битола | |
---|---|---|
Починал | 12 април 1942 Битола |
Животопис
уредиКако раководител на берберските работници, бил активист на Урсовите синдикати, член на КПЈ од 1940 година и член на Месниот комитет на СКОЈ во Битола. Поради комунистичката дејност, повеќепати бил апсен.
Учество во НОБ
уредиПо фашистичката окупација на Македонија се илегализирал и работел во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Битола. По провалата во Битола во април 1942 година, непосредно по убиството на Орде Чопела, бугарската полиција извршила упад во куќата каде била сместена техниката. Вангел Тодоровски успеал да го убил битолскиот областен полициски началник, по што, за да не падне во непријателски раце, се самоубил.
Во негова чест, една од градинките во Битола го носи неговото име.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Битолските народноослободителни партизански одреди“, Друштво за наука и уметност, Битола, 1982, 56-57 стр.
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1490 стр.
- ↑ „Значајни личности за Битола“, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2007, 229-230 стр.
- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 385
- ↑ Општина Битола, Градинки