Јордан Чопела или Орде Чопела (Варош, Прилепско, 1 мај 1912 - Битола, 9 април 1942) — македонски комунист, учесник во НОБ. Одликуван е со Орден народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.

Орде Чопела
Роден 1 мај 1912
Варош, Прилепско
Починал 9 април 1942(1942-04-09) (возр. 29)
Битола

Животопис уреди

Јордан Чопела е роден во Варош, во семејство на печалбари. Многу млад се запишал во соколаната и бил еден од најдобрите вежбачи на справите, поради што бил испратен на слет во Софија, во 1930 година.[1] Во 1933 и 1934 година служел војска, а потоа се оженил, и имал две ќерки. На изборите во 1938 година, Јордан бил активен агитатор.[2]

Во 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. Активен бил во здружението на тутунопроизводителите. Поради учеството во организирање на штрајк против Монополот, со цел да се зголемат откупните цени на тутунот, му била испратена покана за воена служба. Таму, исто така, организирал бунт поради квалитетот на храната и бил осуден на три месеци затвор.[3]

Учество во НОБ уреди

Чопела бил активно вклучен во Народноослободителното движење за време на Втората светска војна во Македонија. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп е формирана Прилепска воена комисија.[4] По директива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, во јануари 1942 година престојувал во Битола, каде што требало да подготви партизански одред во Битолско.

На 8 април 1942 година во Битола Јордан Чопела бил предаден, и по куса борба бил смртно ранет од страна на бугарската фашистичка полиција. Починал на 9 април 1942 година.

За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.[5]

Во негова чест, едно од средните училишта во Прилеп го носи неговото име.

Наводи уреди

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 417
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 418
  3. old.prilep
  4. Милевски, Стиле. Револуционер по професија, Скопје 1994, с. 23.
  5. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 421