Вангел Будина
Вангел Будина — македонски револуционер со влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Вангел Будина | ||
Роден | 1870 Габреш, Костурско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1908 Ланга, Костурско, Егејска Македонија |
Животопис
уредиРоден е во 1870 година во селото Габреш, Костурско. Бил комита во четата на Васил Мутафов со која учествувал во Мелничкото востание 1895 година. Се вратил во Костурско и во 1898 година бил комита во четата на Коте Христов од Руља, потоа кај војводата Васил Чекаларов, и накрај во четата на Митре Влаот. По 1903 година дејствувал како војвода во Леринско и Костурско. 1908 година бил опколен од турска војска во една куќа во селото Ланга, и после целодневна борба кога му завршила муницијата, се самоубил.