Вангел Бабинкостов
македонски математичар
Вангел Бабинкостов (познат и како Вангел Ристов Бабинкостов; р. 5 јули 1938 во Герман, Леринско) — македонски математичар и универзитетски професор од 1998 година.
Вангел Бабинкостов | ||
Роден | Вангел Ристов Бабинкостов 5 јули 1938 Герман, Егејска Македонија, Грција | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | математичар |
Животопис
уредиДипломирал во 1962 година во Самарканд, Узбекистан. Станал редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1998 година. Магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Белград во 1974 година, а докторирал во 1992 година на ПМФ во Скопје со темата „Прилог кон нумеричкото решавање на диференцијалните равенки“ и објавил научни трудови од таа област.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бабамов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 110. Text "series " ignored (help)