Отвори го главното мени

Валериј Герасимов

руски генерал

Валериј Василјевич Герасимов (руски: Вале́рий Васи́льевич Гера́симов; р. 8 септември 1955) — руски генерал и тековен Началник на генералштабот на Вооружените сили на Русија и Прв заменик-министер за одбрана, назначен од претседателот Владимир Путин на 9 ноември 2012 г.[2][3][4] Во 2013 г. се стекнал со највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата, а во 2016 г. е прогласен за Херој на Руската Федерација.

Валериј Герасимов
Генерал армии Герасимов Валерий Васильевич.jpg
Изворно имеВале́рий Васи́льевич Гера́симов
Роден8 септември 1955 (1955-09-08) (64 г.)
Казањ, Татарска АССР
ДржаваСССР СССР
 Русија
РодBanner of the Armed Forces of the Russian Federation (obverse).svg Вооружени сили на Русија
Служба1977 —
ЧинRAF A F9GenArmy after2013.png генерал на армијата[1]
ОдликувањаХерој на Руската Федерација

Според некои западни стручњаци, тој е авторот на таканаречената „Герасимова доктрина“ која е тековна во Русија, која претставува спој од разни приоди: воен, технолошки, информациски, дипломатски, економски, културен под контрола на руската држава за да се постигнат стратешки цели при споредбено ниски трошоци.[5]

ОбразованиеУреди

Герасимов е роден во Казањ, Татарстан. Го завршил Казањското суворовско воено улилиште (1971-1973), а потоа и Казањското вишо тенковско командно училиште наречено во чест на Президиумот на Татарската АССР (1973-1977). Потоа стапил во Воената академија за оклопни војски „Р.Ј. Малиновски“ (1984-1987), па на крај станал питомец на Воената академија на Генералштабот на РФ (1995-1997).[4]

Чинови и должностиУреди

По завршувањето на Казањското вишо тенковско командно училиште, Герасимов заповедал со вод, чета и баталјон во Далекуисточниот воен округ. Подоцна е назначен за началник на штабот на тенковски полк, а потоа и на моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ.[4] Од 1993 до 1995 г. заповедал со 144-тата гвардејска моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ, а потоа со Северозападната група на вооружените сили.[4][6]

По завршувањето на генералштапската академија станал прв заменик на Главниот командант на Московскиот воен округ и заповедник на 58-мата армија во Севернокавкаскиот воен округ за време на Втората чеченска војна.[4] Неговото залагање за апсењето на офицерот Јуриј Буданов било пофалено од критичната новинарка Ана Политковскаја.[3][4]

Во 2006 г. Герасимов станал заповедник на Ленинградскиот воен округ, а во 2009 г. е префрлен да заповеда со Московскиот воен округ. Со военотериторијалната реформа, во април 2012 г. застанал на чело на Централниот воен округ. На 23 декември 2010 г. станал Заменик-началник на Генералштабот.[4]

 
Генералот Герасимов како ја предводи Парадата на победата во Москва на 9 мај 2011 г.

Ја предводел Парадата на победата на четири наврати, од 2009 до 2012 г.[3]

Началништво на генералштаботУреди

Герасимов станал Началник на Генералштабот со смената на Анатолиј Сердјуков од функцијата Министер за одбрана и назначувањето на Сергеј Шојгу на 6 ноември 2012 г.[7], како замена за дотогашниот началник Ген. Николај Макаров поради неговата блискост со Сердјуков. На истиот наврат е сменет и Александар Сухоруков од функцијата Прв заменик-министер за одбрана и на негово место е поставен генералот-полковник Аркадиј Бахин, поранешен заповедник на Западениот воен округ, а за друг помошник е назначен и заповедникот на Воздушно-вселенската одбранбена, генерал-полковник Олег Остапенко. Во 2013 г. Герасимов го добил највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата.[2][7][8][9][10] На 15 септември 2016 г. приредил средби со неговиот турски колега, Ген. Јулуси Акар во главниот штаб во Анкара, што се смета за ново поглавје на руско-турската воена соработка.

Санкционирање од ЕУУреди

Во април 2014 г. Герасимов станал жртва на политичка агресија од страна на Европската Унија кога е ставен на списокот на санкционирани лица поради наводните „дејства за поткопување или загрозување на територијалнаиот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.[11]

ОдликувањаУреди

  Орден за воени заслуги
  Орден за заслуги пред татковината (IV степен)
  Орден за заслуги пред татковината во Вооружените сили на СССР (III степен).[4]
  Медал за воени заслуги
  Јубилеен медал „60 години Вооружени сили на СССР“
  Јубилеен медал „70 години Вооружени сили на СССР“
  Медал за војничка доблест (I степен)
  Медал „За зајакнување на бојното другарство“
  Медал „200 години Министерство за одбрана“
  Медал за 20 години беспрекорна служба
  Медал за 15 години беспрекорна служба
  Медал за 10 години беспрекорна служба
  Орден за пријателство меѓу народите

Личен животУреди

Герасимов е оженет и има еден син.[12]

НаводиУреди

  1. Указ Президента Российской Федерации от 20 февраля 2013 года № 151 "О присвоении воинских званий высших офицеров военнослужащим Вооруженных Сил Российской Федерации" [Presidential Decree of 20 February 2013 No. 151 "On conferring military rank of senior officers of the armed forces]. Kremlin.ru. 21 February 2013. конс. 24 February 2013. 
  2. 2,0 2,1 „New appointments at Defence Ministry“. Kremlin.ru. конс. 9 November 2012. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „Profile: Russia's new military chief Valery Gerasimov“. BBC News. конс. 9 November 2012. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 „Valeriy Gerasimov“. Russian Ministry of Defence. конс. 9 November 2012. 
  5. Putin's real long game - POLITICO
  6. http://smolensk-i.ru/authority/komandir-smolenskoy-divizii-vozglavil-genshtab-armii-rossii_9527
  7. 7,0 7,1 „Big army reshuffle: Head of the General Staff replaced“. RT. конс. 11 November 2012. 
  8. Gorenburg, Dmitry. „The firing of Anatoly Serdyukov“. Russian Military Reform. конс. 11 November 2012. 
  9. „Personnel changes at Defence Ministry“. Kremlin.ru. конс. 11 November 2012. 
  10. „Putin Appoints New Chief of General Staff“. RIA Novosti. конс. 11 November 2012. 
  11. COUNCIL IMPLEMENTING REGULATION (EU) No 433/2014 of 28 April 2014 implementing Regulation (EU) No 269/2014 concerning restrictive measures in respect of actions undermining or threatening the territorial integrity, sovereignty and independence of Ukraine
  12. „Валерий Васильевич Герасимов“. Gazeta.ru. конс. 11 November 2012. 

Надворешни врскиУреди