Волесова збирка
(Пренасочено од Валаска колекција)
Волесовата збирка или Волеска збирка (англ. Wallace Collection) е национален музеј на уметност во Лондон. Бил создаден врз основа на приватната збирка на Сер Ричард Волес. По неговата смрт, сопругата ја подарува збирката на државата (1897). Музејот се отвора за јавноста во 1900, во Хертфордската куќа (домот на Ричар Волес) на Манчестерскиот плоштад.
Влезот е бесплатен. Во збирката спаѓаат слики од стари мајстори (како Насмеаниот кавалер), фини порцелани како Севрски и Мајсенски, оклопи, француски мебел од XVIII век, како и најразни уметнички дела. Од пред неколку години внатрешниот двор е покриен со стаклен покрив.
Волесовата збирка ја содржи најголемата збирка слики од Жан Батист Грез вон Франција.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Волесовата збирка (англиски)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |