Насмеаниот кавалер

Насмеаниот кавалер (1624) е славна слика од холандскиот барокен сликар Франс Халс. Моменталниот наслов ѝ е всушност измислен во Викторијанското доба; човекот на сликата впрочем дава енигматична насмевка. Композицијата е жива и спонтана, но и покрај очигледниот труд вложен во раскошната свилена облека, гледано од блиску, сликата е сликана со долги, брзи потези.

Насмеаниот кавалер, 1624

Портретот е потпишан во горниот десен агол со „Æ'TA SVÆ 26/A°1624“, што е скратено од „aetatis suae 26, anno 1624“ на латински и значи дека портретот бил изработен кога насликаниот имал 26 години во 1624 г. Неговиот идентитет не непознат; при набавката на сликата во 1865 од страна на таткото на Ричард Волес, Ричард Симор-Конвеј, таа била едноставно наречена „Портрет на младич“. Денес таа се чува во Волесовата збирка во Лондон.

Платното е со димензии 83 × 67.3 cm.

Наводи

уреди