Валамара
Валамара (албански: Mali i Valamarës; влашки: Valea Mari) — планина во Горичката и Елбасанската област, југоисточна Албанија.[1] Дел е од поголема низа планини кои се протегаат од север-североисток кон југ-југозапад, помеѓу долините на Шкумба на север и Девол на југ. Оваа планина е меѓу планините со најголема топографска истакнатост во Европа.[2]
Валамара | |
---|---|
Mali i Valamarës Valea Mari | |
Валамара гледана од Охридското Езеро. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.373 м |
Истакнатост | 1.526 м |
Координати | 40°47′41″N 20°28′00″E / 40.79472° СГШ; 20.46667° ИГД |
Друго име | Mali i Valamarës Valea Mari |
Географија | |
Место | Горичка и Елбасанска област, Албанија |
Највисоките делови изобилуваат со остатоци од глацијација во минатото, кога циковидните езера и вдлабнатини биле покриени со ледници.[3] Денес на Валамара има барем осум леднички езера.[4] Од источниот крај извираат неколку реки, меѓу кои е Шкумба, трета по должина во земјата.[5][6] Западниот и јужниот раб се одводнуваат од Девол, кој издлабил стрмна клисура меѓу планините.
Главниот срт е доста сиромашен со дрва, додека пак пониските делови се шумовити, и тука живее кафеавата мечка.[7] Ледничките езера се во јужниот дел.
Најблиски населени места
уредиПоважни врвови
уреди- Валамара (Maja e Valamarës, 2.373 м)
- Топчест Камен (Maja e Gurit të Topit, 2.120 м)
- Лењска Планина (Mali i Lenies, 2.012 м)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Maja e Valamares, Albania“. Peakbagger.com. (англиски)
- ↑ „EUROPE ULTRA-PROMINENCES“. peaklist.org.
- ↑ Mevlan Kabos (1991). „Malet midis luginës së Shkumbinit dhe luginës së Devollit“. Gjeografia fizike e Shqipërisë (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë. изд.). Tirana. стр. 253.
- ↑ „The vascular flora of the Valamara mountain range (SE Albania), with three new records for the Albanian flora“ (PDF). researchgate.net. стр. 1–17.
- ↑ Perikli Qiriazi. „Shkumbini“. Gjeografia Fizike e Shqipërisë. Tirana: Shtëpia Botuese e Librit Universitar. стр. 103. ISBN 99927-0-397-0.
- ↑ Mevlan Kabos (1990). Gjeografia fizike e Shqipërisë (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë. изд.). Tirana. стр. 237.
- ↑ „Brown Bear Conservation Action Plan for the Prespa Lakes' Watershed“. researchgate.net. стр. 26.
Надворешни врски
уреди- Валамара на Ризницата ?
- Валамара на Peakbagger (англиски)