Валавец

вид растение

Валавец, поточно полски валавец или ветрогон; (научEryngium campestre) — вид од родот на валавците (Eryngium) кој се користи како лековито растение.[1] Растението трнливо повеќегодишна билка без влакна и припаѓа на семејството на штитоцветните растенија (Apiaceae). Листовите се крути и жилави, со белозеленикава боја. Листовите при основата се раздвоени, со долги дршки и имаат боцки. Во растението ровари галската мува Euleia heraclei.

Валавец
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Род: Валавец
Вид: Валавец
Научен назив
Eryngium campestre
L.
Цветови

Цветна сезона

уреди

Растението цвета од јули до септември.

Рапространетост

уреди

Покрај Република Македонија, валавецот е распространет главно во средна и јужна Европа и на север до Германија и Холандија. Ретко се среќава на Британските Острови.

Упореба

уреди

Во треварството се користи за лекување на голема кашлица и инфекции во мочните патишта. Во минатото корењата се кандирале како слатки или се вареле и печеле како зеленчук. Активни состојки во растението се: етерични масла, сапонини и танини.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Група автори (2006). „Морфолошко-анатомски одлики на корен и херба од Eryngium campestre L. (Apiaceae)“ (PDF). Македонски фармацевтски билтен. Скопје: Фармацевтски факултет (52): 57–64. ISSN 1409-8695. Посетено на 9 октомври 2012.[мртва врска] (македонски)
  • Растенија: Валавец (Eryngium campestre) - USDA (англиски)