Голема кашилица или пертусис — високозаразно бактериско заболување, кое може да биде превенирано со вакцина.[1][10][11] Почетните симптоми обично се слични на оние на обичната настинка со течење на носот, треска, и блага кашлица, но тие се проследени со тешка кашлица која трае два до три месеци.[1] По нападот на кашлица, се јавува задишување.[1] Тешката кашлица може да трае до 10 и повеќе недели, па оттука доаѓа фразата „100-дневна кашлица“.[3] Кашлицата може да биде до толку изразена што може да предизвика замор, повраќање, скршеници на ребрата.[1][2] Децата помали од една година може да кашлаат малку или воопшто да немаат кашлица, а наместо тоа да имаат периоди со отежнато дишење.[1] Инкубацискиот период вообичаено е седум до десет дена.[12] Болеста може да се развие и кај вакцинирани, но симптомите обично се полесни.[1]

Голема кашлица
Синонимипертусис, магарешка кашлица
Кашлица кај момченце со голема кашлица
СпецијалностИнфектологија
СимптомиРастечен нос, треска, кашлица[1]
КомпликацииЗамор, повраќање, скршеници на ребрата[1][2]
Времетраење~ 10 недели[3]
ПричинителиBordetella pertussis (која се шири во воздухот)[4]
Дијагностички методНазофарингеален брис[5]
Спречувањевакцина против голема кашлица[6]
Лекувањеантибиотици (ако се започнат рано)[7]
Честота16,3 милиони (2015)[8]
Смртни случаи58.700 (2015)[9]

Причинител и дијагноза

уреди

Големата кашлица ја предизвикува бактеријата Bordetella pertussis.[4] Лесно се шири преку кашлање и кивање на заразено лице.[4][13] Заразата се шири од почетокот на симптомите до околу три недели од нападите на кашлица.[7] Пациентите третирани со антибиотик не се заразни после пет дена.[7] Дијагнозата се поставува со брис од нос и грло.[5] Примерокот потоа се тестира со култура или со полимераза верижна реакција.[5]

Спречување и третман

уреди

Превенцијата е со вакцинација со вакцина против голема кашлица.[6] Иницијална имунизација се препорачува помеѓу шестата и осмата недела од раѓањето, со четири дози кои се даваат во првите две години од животот.[14] Заштитата од голема кашлица се намалува со тек на времето, па дополнителни дози се препорачливи кај поголеми деца и возрасни.[15] Вакцинација за време на бременоста е високо ефикасна во заштита на новороденчето од голема кашлица за време на првите ранливи месеци од животот, и се препорачува во многу земји.[16] Антибиотици може да се користат за превенција кај лица кои биле изложени и кај кои постои ризик за појава на тешка болест.[17] Кај заболените, антибиотиците се корисни ако нивното земање започне во првите три недели од иницијалните симптоми, во спротивност имаат мал ефект кај повеќето пациенти.[7] Кај бремените жени и децата помали од една година, антибиотиците се препорачуваат во првите шест недели од појавата на симптомите.[7] Антибиотици кои се користат се еритромицин, азитромицин, кларитромицин, или триметоприм/сулфаметоксазол.[7] Доказите за третмани и интервенции против кашлицата, освен за антибиотиците, се слаби.[18] Околу 50% од инфицираните деца помали од една година имаат потреба од хоспитализација и околу 0.5% (1 во 200) резултираат со смртен исход.[1][2]

Епидемиологија и историја

уреди

Се проценува дека 16.3 милиони луѓе во светот биле инфицирани во 2015 година.[8] Повеќето случаи се јавуваат во земјите во развој, и луѓето од сите возрасти може да бидат зафатени.[6][18] Во 2015, големата кашлица резултирала со 58.700 смртни случаи – што е намалување од 138.000 случаи во 1990 година.[9][19] Епидемии на болеста за прв пат биле опишани во 16-ти век.[12] Бактеријата која ја предизвикува болеста била откриена во 1906 година.[12] Вакцината против голема кашлица станала достапна во 1940-те.[12]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Pertussis (Whooping Cough) Signs & Symptoms“. 22 May 2014. Архивирано од изворникот 7 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Pertussis (Whooping Cough) Complications“. cdc.gov. 28 August 2013. Архивирано од изворникот 9 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
  3. 3,0 3,1 „Pertussis (Whooping Cough) Fast Facts“. cdc.gov. 13 February 2014. Архивирано од изворникот 7 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Pertussis (Whooping Cough) Causes & Transmission“. cdc.gov. 4 September 2014. Архивирано од изворникот 14 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Pertussis (Whooping Cough) Specimen Collection“. cdc.gov. 28 August 2013. Архивирано од изворникот 8 February 2015. Посетено на 13 February 2015.
  6. 6,0 6,1 6,2 Heininger U (February 2010). „Update on pertussis in children“. Expert Review of Anti-Infective Therapy. 8 (2): 163–73. doi:10.1586/eri.09.124. PMID 20109046. S2CID 207217558.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Pertussis (Whooping Cough) Treatment“. cdc.gov. 28 August 2013. Архивирано од изворникот 11 February 2015. Посетено на 13 February 2015.
  8. 8,0 8,1 Vos, Theo; Allen, Christine; Arora, Megha; Barber, Ryan M.; Bhutta, Zulfiqar A.; Brown, Alexandria; Carter, Austin; Casey, Daniel C.; Charlson, Fiona J.; Chen, Alan Z.; Coggeshall, Megan; Cornaby, Leslie; Dandona, Lalit; Dicker, Daniel J.; Dilegge, Tina; Erskine, Holly E.; Ferrari, Alize J.; Fitzmaurice, Christina; Fleming, Tom; Forouzanfar, Mohammad H.; Fullman, Nancy; Gething, Peter W.; Goldberg, Ellen M.; Graetz, Nicholas; Haagsma, Juanita A.; Hay, Simon I.; Johnson, Catherine O.; Kassebaum, Nicholas J.; Kawashima, Toana; и др. (October 2016). „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
  9. 9,0 9,1 Wang, Haidong; Naghavi, Mohsen; Allen, Christine; Barber, Ryan M.; Bhutta, Zulfiqar A.; Carter, Austin; Casey, Daniel C.; Charlson, Fiona J.; Chen, Alan Zian; Coates, Matthew M.; Coggeshall, Megan; Dandona, Lalit; Dicker, Daniel J.; Erskine, Holly E.; Ferrari, Alize J.; Fitzmaurice, Christina; Foreman, Kyle; Forouzanfar, Mohammad H.; Fraser, Maya S.; Fullman, Nancy; Gething, Peter W.; Goldberg, Ellen M.; Graetz, Nicholas; Haagsma, Juanita A.; Hay, Simon I.; Huynh, Chantal; Johnson, Catherine O.; Kassebaum, Nicholas J.; Kinfu, Yohannes; и др. (October 2016). „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1459–1544. doi:10.1016/s0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
  10. Carbonetti NH (June 2007). „Immunomodulation in the pathogenesis of Bordetella pertussis infection and disease“. Current Opinion in Pharmacology. 7 (3): 272–8. doi:10.1016/j.coph.2006.12.004. PMID 17418639.
  11. „Preventing Whooping Cough (Pertussis) | CDC“. www.cdc.gov (англиски). 2022-09-07. Посетено на 2023-05-21.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Atkinson, William (May 2012). Pertussis Epidemiology and Prevention of Vaccine-Preventable Diseases (12th. изд.). Public Health Foundation. стр. 215–230. ISBN 9780983263135. Архивирано од изворникот 29 July 2017. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  13. „Pertussis“. WHO. Архивирано од изворникот на 5 June 2015. Посетено на 23 March 2016.
  14. „Revised guidance on the choice of pertussis vaccines: July 2014“ (PDF). Relevé Épidémiologique Hebdomadaire. 89 (30): 337–40. July 2014. PMID 25072068. Архивирано (PDF) од изворникот 13 February 2015.
  15. „Pertussis vaccines: WHO position paper“. Relevé Épidémiologique Hebdomadaire. 85 (40): 385–400. October 2010. PMID 20939150.
  16. Vygen-Bonnet S, Hellenbrand W, Garbe E, von Kries R, Bogdan C, Heininger U, Röbl-Mathieu M, Harder T (February 2020). „Safety and effectiveness of acellular pertussis vaccination during pregnancy: a systematic review“. BMC Infect Dis. 20 (1): 136. doi:10.1186/s12879-020-4824-3. PMC 7020352. PMID 32054444.
  17. „Pertussis (Whooping Cough) Prevention“. cdc.gov. 10 October 2014. Архивирано од изворникот 8 February 2015. Посетено на 13 February 2015.
  18. 18,0 18,1 Wang K, Bettiol S, Thompson MJ, Roberts NW, Perera R, Heneghan CJ, Harnden A (September 2014). „Symptomatic treatment of the cough in whooping cough“. The Cochrane Database of Systematic Reviews. 9 (9): CD003257. doi:10.1002/14651858.CD003257.pub5. PMC 7154224. PMID 25243777.
  19. GBD 2013 Mortality Causes of Death Collaborators (January 2015). „Global, regional, and national age-sex specific all-cause and cause-specific mortality for 240 causes of death, 1990–2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013“. Lancet. 385 (9963): 117–71. doi:10.1016/S0140-6736(14)61682-2. PMC 4340604. PMID 25530442.