Вазна Киѓи
Вазната Киѓи (италијански: Chigi) е керамички сад кој е најдобар пример за протокоринтскиот стил, карактеристичен за грчките сликани вазни кој се јавува кон крајот на 7 век п.н.е. Киѓи вазната е откриена во 1881 година во етрурска гробница во близина на Чезена, а денес се наоѓа во Националниот етрурски музеј во Рим. Датира од 650/640 година п.н.е. На Киѓи вазна се прикажани јасни форми на фигури, соединети со декорации. Во редови се прикажани митолошки сцени (Парисовата пресуда), потоа сцени од секојдневниот живот (лов) и борби, кои се прикажани во главната композиција.
На вазната се прикажани и детали, како војници кои се наоружуваат или војници кои се придружуваат на војска.
Литература
уреди- Цермановић Кузмановић А. 1991. Грчке сликане вазе, Научна књига, Београд
Надворешни врски
уреди- Сцена на вазната Киѓи Архивирано на 4 февруари 2009 г.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |