Бјала (Варненска област)
Бјала (бугарски: Бяла) — град на брегот на Црно Море и туристички центар на Бугарија. Речиси сите жители на градот се Македонци, доселени како бегалци од селото Бозец, Ениџевардарско, по грчкото заземање на Егејска Македонија. По податок од 2015 г. населението брои 2.274 жители.[1]
Бјала Бяла | |
---|---|
Поглед на Бјала | |
Земја | Бугарија |
Област | Варна |
Управа | |
• Градоначалник | Анастас Трендафилов |
Надм. вис. | 42 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 2,274[1] |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 9101 |
Повик. бр. | 05143 |
Градот е основан под името Аспрос во 4 век п.н.е. Спомнат е во османлиски регистар од 1731 г. како Ак Дере. Општината претставува дом на околу 3 400 жители од кои најголемиот број живее во општинскиот центар. Останатите жители живеат во околните населени места - с. Горица, с. Господиново, с. Дјулино, с. Попович и с. Самотино.
Бјала располага со пристаниште, летен театар, етнографски парк и палео-геолошките карпи „Белите Скали“. За љубителите на природниот туризам во близина се плажите на Кара дере и Иракли.
Фестивалот на Бјала се организира на 24 мај, денот на солунските браќа Кирил и Методиј.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Табели на населението во Бугарија, 2016 г. (бугарски)
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |